• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Неспуштен тестис (крипторхизам) Печати

Неспуштен тестис (крипторхизам) – фактор на ризик за настанување на карцином на тестисот

Можноста за појава на карцином на тестисот покасно во текот на животот е околу 10-14 пати поголема кај лицата кои имале неспуштен тестис во скроталната кеса во однос на другите. Доколку тестисот не се спиштил спонтано или со операција до 7 годишна возраст, постојат поголемо шанси за појава на карциномот на тестисот. Затоа се препорачува операција пред појава на пубертетот, која значително го намалува ризиклот. Кај 10% од пациентите со карцином на тестисот бил присутен крипторхизмот.

Што е крипторхизам?

Крипторхизам е релативно честа состојба во која тестисот не е спуштен со скроталната кеса, ниту пак е можно тој да се спушти со надворешна манипулација.

Во 10-20% од случаите се наoѓа обострано, а во 90% случаи истовремено е присутна и индиректна препонска кила. Бидејќи тестисите можат да се спуштат и по раѓањето, често за крипторхизам се говори доколку тој е присутен и после една година од раѓањeто.Ова е начесто вродено пореметување на машкиот репродуктивен систем. Називот крипторхизам произлегува од двата грчки збора: crypto-скриен и orchis-тестис, шт во буквален превод значи скриен тестис.

Скриениот тестис или крипторхизмот е најчеста вродена аномалија при раѓањето и се јавува кај 3% од доносените деца. Почесто се јавува кај предвреме родените деца (недоношчиња), со помала телесна тежина при раѓањето, и кај близнаци. Околу 70% од неспуштените тестиси ќе се спуштат во скроталната кеса до третиот месец од животот. Кога детето ќе на прави година дена, честотата на крипторхизмот изнесува околу 1% и крипторхизмот останува во текот на животот.

Во текот на утериниот развој на плодот, тестисите се наоѓаат сместени во стомачната шуплина и дури при крајот на бременоста, под дејство на хормони, полека се спуштаат во скроталната кеса. Доколку постои било која препрека на патот на спуштањето на тестисот, или пак делувањето на хормоните не е доволно, доаѓа до појава на крипторхизам.

Според местото на тестисот, тој може да биде сместен во стомачната шуплина, во препонскиот (ингвинален) канал, надвор од препонскиот канал, или пак на било кое место надвор од надворешниот прстен на препонскиот канал (ектопичен тестис). Постои и мигрирачки тестис, кој поради активниот рефлекс на кремастеричниот мускул, многу лесно ја напушта скроталната кеса, но исто така лесно може и да се врати во неа.

За да се сочува нормалната функција на тестисот во стварањето на сперматозоидите, неопходно е тие да се сместени во скроталната кеса. Таа ги држи на пониска температура од телесната и е за 2-3 степени пониска од онаа во стомачната шуплина, каде тестисот се наоѓал за време на феталниот развој на плодот. Доколку тестисот не се спушти во скроталната кеса, доаѓа до смалување на тестисот и губиток на неговата репродуктивна и хормонска функција.

Кај неспуштените тестиси може да дојде до развој на малиген тумот, што се одбјаснува делумно и со тоа што тој подолго време бил изложен на повисока температура од онаа која за него е оптимална.

Лекување се препорачува што порано, а најкасно до втората година од животот на детето. Доколку тестисот е ниско поставен, близу до скроталната кеса, може да се почне со давање на хормонална терапија. Оваа терапија е успешна во помалку од 20% од случаите.

Операцијата е најдобра терпија и се сосоти во тоа што тестисот се ослободува од сите прираслини, така да тој лесно се спушта во скроталната кеса, каде се фиксира. Операцијата се изведува во општа анестезија и децата добро ја поднесуваат.

Нормално спуштање на тестисот

Во текот на феталниот развој,тестисите се наоѓаат во стомачната шулина во висина на бубрегот и се развиваат на тоа место. Од 4 до 9 фетален месец доаѓа нормално да спуштање на тестисот преку препонскиот канал во скроталната кеса.Спуштањето на тестисот го овозможува структура наречена вагинален продожеток (processus vaginalis), која го “води“ тестисот и во суштина претставува препонска кила. Тестсиот се спушта низ задниот зид на оваа кила на препонскиот канал.Препонскиот канал е мал пролаз помеѓу стомачната шуплина и скротумот, кој по минувањето на тестисот, веќе пред раѓањето, се затвара и така исчезнува оваа комуникација. Но овој процес на спуштање некогас завршува по раѓањето. Иако крипторхизмот се наоѓа саамо кај 3% од нормалн доносените деца, спуштањето може да се јави и во првите недели или месеци од животот, па неговата честота на возраст од 6-9 месеци, кај доносените деца е помала од 1%.

Повеќето тестиси се спуштаа до возраст од 3-4 месеци, а мал е бројот на спуштање на тетсисот по овој период.

Процесот на спуштањето на тестисот може да се подели во три фази:

  • Спуштање низ стомачната шуплина од местото на неговото настанување до препонскиот прстен
  • Стварање на отвор во препонскиот канал, низ кој тестисот излегува од трбушната шуплина
  • Минување на тестисот низ препонскиот канал и спуштање во скроталната кеса

Пореметувањето во било која од од овие фази, може да предизвика нецелосно спуштање на едниот или двата тетсиса. Доколку спуштањето е непотполно, тестисот може било каде да остане, од стомачната шуплина до над скроталната кеса. Понекогаш тестисот го започнува своето спуштање, но завршува на некоја невообичаена локација (ектопична положба), но обично не е далеку од скроталната кеса.

Причини за крипторхизам

Бидејќи тестисите почнуваат да се спуштаат во седмиот месец од бременоста, овој проблем се јавува почесто кај предвреме родените деца. Поврзан е со малата тежина на недоносеното дете, со хормонални пореметувања (хипогонадизам, хипопитуитаризам), со спина бифида и друфи вродени малформации. Во 1-2% од случаите се присутни хромозомски аномалии. Причините за крипторхизам се познати во мал број на случаи, а кај повеќето случаи тој останува непознат.

Истражуваањата покажале дека крипторхизмот поврзан со настинки на мајката во првото тромесечие од бременоста, со претечки абортус во првото и/или второто тромесечие, со претечка еклампсија, мајки помлади од 24 години изложеноста на таткото на пестициди.

Класификација

  • Стомачен( во стомачната шуплина) во 8-10%
  • Препонски ( во препонскиот-ингвинален канал) во 70-72%
  • Високо во скроталната кеса (прескротален) во 20%

Крипторхизмот може да биде обостран или едностран. Обостраниот се наоѓа во 10-20% од случаите.

Фактори на ризик и честота на крипторхизмот

Крипторхизмот се јавува кај сите машки новороденчиња со тежина од 900гр или помалку. Кај новороденчиња со тежина од 2-2.5кг крипторхизмот се јавува кај 17% од тие деца. Додека процентот на крипторхизам кај доносените деца изнесува 3%.

Исто така, постои и генетска предиспозиција за крипторхизмот. Така 6% од татковците на децата со крипторхизам и самите ја имале оваа вродена аномалија.

Дијагноза

Обично дијагнозата на крипторхизмот лесно се поставува. Родителите или педијатарот при преглед на скроталната кеса утврдуваат не постоење на тестис во неа. Со преглед често се утврдува постоење на препонска кила (ослабен дел на предниот деолен стомачен зид или канал во кој можат да се најдат црева).

Во дијагнозата прво се користи ултразвучен преглед.Оваа дијагностичка процедура е едноставна, безболна и поголемиот брј на неспустени тестиси се наоѓаат во препонската регија, па можат лесно да се видат со овој ултразвучен преглед.

Доколку на овој начин тестисот не може да се види, ниту напипа, се користи компјутерска томографија (КТ), магнетна резонанца ( МР) и лапароскопја, за одредување на тестисот во стомачната шуплина.

Третман на крипторхизмот

Терапијата на неспуштениот тестис зависи од тоа каде тој е сместен. Понекогаш тестисите се тешко променети, па неможат да се спуштат. Во текот на феталниот живот можно е да дојде до нивно увртување, прекинување на снабдувањето со крв на тестисите и стварање на нефункционално фиброзно( лузна) наместо тестис. Кога тоа ќе се случи, тетсисот се отстранува, а во скротумот може да се пласира пластична протеза. Ако постои препонска кила, таа исто така се корегира во текот на овој хируршки зафат.

За тетсисите кои се сместени во препонската регија, обично се препорачува хируршки зафат наречен орхидопексија. Овој термин буквално значи “поправање на тестисот“. Овој хируршки зафат најчесто се спроведува во период од 6месеци до 2 години од возраста на детето и е успешен во 98% од случаите. Се извдува во оппшта анестзија со мал рез во препонската регија, трае 1 до 1и пол час. Детето брзо се опоравува и резултатите се одлични.

Алтернатива за хируршкиот третман е хормонската терапија, при што се користи хуманиот хорионски гонадотропин ( HCG) или GnRH ( гонадотропин ослободувачки хормон-gonadotropin releasing hormon). GnRH е хормон кој го стимулира лачењето на годнадотропинот, кој го стимулира стварањето на машкиот полов хормон, тестостерон. Со повеќе инекции со GnRH се стимулира тестисот да ствара тестостерон, што го стимулира механизмот на спуштањето на тестисот, па кај мал број на момчиња, доведува до негово трајно спуштање во скроталната кеса. Хормонското лекување се препорачува некогаш, кога тестисот еблуску до скротумот и постои голема веројатност да се спушти. Оваа терапија е помалку ефикасна од хируршката. Резултатите покажале успешност во само 19% од случаите. Истражувањата, исто така, покажале дека по хормонската терапија постои можност за повторно враќање на тестисот во првобитната положба.

Кога тестисот не се аоѓа во скроталната кеса,не мозе да се напипа, тогаш може тој е сместен во стомачната шуплина, може да биде со мали димензии или воопшто да го нема ( да не се развил). Доколку со дијагностичките процедури не се утврди каде се наоѓа тетсисот, дали тој се наоѓа во стомачната шуплина или воопшто не постои, тогаш се прави хируршки зафат за да се процени за што се работи. Најчесто за таа цел се прави лапароскопија. Тоа е зафат при кој низ мал отвор под папукот се внесува инструмент сличен на телескоп во стомачната шуплина и директно се гледаат внатрешните органи. Ако при лапароскопијата не се најде тестисот, операцијата е завршена. Доколку се најде мал тестис во препоната, се прави рез во препоната и се отстранува тестисот.Доколку тестисот се најде во стомачната шуплина, тогаш може да се спушти во скроталната кеса или да се отстрани.

Спуштањето на високо сместените тестиси бара посложен хируршки зафат, за залика од оној кој се изведува кај тестисите во препонската регија. Затоа и успехот од спуштањето на високо сместените тестиси е помал.

Кај возрасните маши со крипторхизам, ситуацијата е нешто поинаква. Спуштањето на тестисот нема да ја поправи плодноста, па затоа кај нив тетсисот се отстранува.

Компликации од нелекуван крипторхизам

Ако тестисот остане во абдоминалната шулина и по завршувњето на пубертетот, можни се бројни последици.

Неплодност

Тестисот во скротумот се наоѓа на пониска температура од телесната. Температура за 2-3 ц пониска од телесната е идеална за тестисте и за нивната продукција и развој на сперматозоитите. Повисоката температура ги уништува сперматозоидите. Затоа е потребно, крипторхизмот да се корегира што порано. Оваа покачена температура може веке и кај децата во возраст од дна година да доведе до губење, уништување на клетките кои ствараат сперматозоиди . Ако и двата тестиса не се спуштени, веројатноста за неплодност е поголема: 40% ако постои едностран крипторхизам, а 70% кај обостраниот крипторхизам.

Фактот дека неплодноста е почеста и кај мажите кој го лекувале крипторхизмот говори за тоа дека пореметувањето на спуштањето е последица на пореметувања во самиот тестис, а не обратно.

Карцином на тестис

Можноста за појава на карцином на тестисот покасно во текот на животот е околу 10-14 пати поголема кај лицата кои имале неспуштен тестис во скроталната кеса во однос на другите. Доколку тестисот не се спуштил спонтано или со операција до 7 годишна возраст, постојат поголемо шанси за појава на карциномот на тестисот. Затоа се препорачува операција пред појава на пубертетот, која значително го намалува ризикот. Кај 10% од пациентите со карцином на тестисот бил присутен крипторхизмот.

Траума

Тестисот кој е “заробен“ во за него ненормално место е изложен на поголема можност од повреди при вообичаените активности. Скроталната кеса ги штити тестисите од повреди.

Увртување(торзија) на тестисот

Психолошки последици-иако неспуштениот тестис за малото дете не значи многу, о текот на растењето и влегувањето во пубертет расте и свеста за сопственото тело и нелекуваниот крипторхизам може да има емоционални последици. По хируршкиот зафат , скроталните кеси изглеаат нормално, но неспуштениот тестис може да биде помал отколку спуштениот. Ако ова се случи или кога се тестисите одсутни, може да се стави имплантат во скротумот.