• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Несакани ефекти од хормонската терапија Печати

Најчести несакани ефекти од хормонската терапија се:

  • намалено или изгубено либидо и импотенција,
  • топлотни бранови,
  • болка во градните жлезди (гинекодинија),
  • зголемување на градните жлезди (гинекомастија).

Долготрајна хормонска терапија може да доведе до:

  • остеопороза,
  • таложење на масни наслаги во телото и зголемена телесна тежина,
  • намалување на мускулната маса,
  • замор.

По хируршката кастрација (билатерална орхиектомија) околу 90% од мажите имаат намалено или изгубено либидо (сексуална желба) и импотенција.

Повеќе од 50% од мажите страдаат од топлотни бранови (брзо препотување и чувство на топлина), слично како и кај жените во менопауза. Но, овој проблем може да се намали и да исчезне со тек на време.

Несакани ефекти од ЛХРХ-агонистите се исти како и при хируршката кастрација (намалено либидо, импотенција и топлотни бранови).

Кај некои мажи може да се јави и преосетливост или болка во градните жлезди (гинекодинија), како и зголемување на градните жлезди (гинекомастија).

Долготрајната терапија со овие лекови може да доведе и до: остеопороза (слабеење на коскената маса), умор, намалување на мускулната маса и таложење на масни наслаги во телото и зголемување на телесната тежина.

Можен краткотраен несакан ефект од ЛХРХ-агонистите е и т.н. tumor flare (туморско распламнување). Кога ќе започне терапијата, овие лекови можат да предизвикаат брзо влошување на болеста, со поинтензивни симптоми. Ова произлегува од тоа што лековите при првото давање предизвикуваат привремено покачување на нивото на тестостеронот во организмот, а тоа може да предизвика болка во пределот на туморот, а посебно ако е карциномот веќе проширен и на коските.

За да се спречи оваа појава, често се дава истовремено и краткотрајна терапија со антиандрогени (најмалку во траење од 7 дена) со ЛХРХ-агонистите.

Обично, несаканите ефекти од антиандрогените кај пациенти, кои претходно биле подложени на кастрација, не се чести и сериозни, но може да се јават:

  • мачнина,
  • пролив,
  • замор,
  • оштетување на црниот дроб,
  • раст на градните жлезди, посебно при нивна долготрајна употреба