• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Карцином на грклан Печати

Грклан (Larynx)

Гркланот е цевчест орган, долг околу 5 sm. Сместен е во вратот и учествува во процесот на дишење, зборување и голтање.

Гркланот е сместен над душникот (trachea). Неговите sидови се изградени од р`скавица. Големата р`скавица, која го сочинува предниот дел од гркланот се нарекува и Адамово јаболко. Гласните жици (гласници) се парни издолжени мускули, кои во внатрешноста на гркланот градат творба во форма на буквата V. Секој пат кога вдишуваме, воздухот влегува преку нашиот нос или уста, минува низ гркланот, потоа низ душникот и влегува во белите дробови. Кога издишуваме, воздухот струи во спротивен правец.

Во текот на дишењето, гласните жици се опуштени и воздухот слободно минува помеѓу нив, без да создава звуци.

При зборување, гласните жици се напнати и приближени една до друга. Воздухот од белите дробови минива помеѓу нив, па тие почнуваат да вибрираат и да го ствараат звукот на нашиот глас. Јазикот, усните и забите го обликуваат тој звук во зборови.

Непосредно позади душникот и гркланот, се наоѓа хранопроводникот (oesofagus). Tоа е цевчест орган низ кој минува храната, од устата до желудникот. Отворите на хранопроводникот и гркланот се сместени блиску еден до друг. При голтањето, епиглотисот (еластична р`скавица), го затвара гркланот и на тој начин го спречува минувањето на храната во душникот.

Процес на настанување на ракот на гркланот

Ракот настанува како последица на абнормално, неконтролирано делење на клетките. Како и сите други ткива и органи во човечкото тело, така и гркланот е составен од клетки. Нормално, клетките се делат со цел да се произведат повеќе клетки, кога тоа му е потребно на телото. Овој процес не одржува здрави.

Но, ако клетките продолжат неконтролирано и забрзано да се делат, и во случај кога не се потребни нови келтки, се формира туморско ткиво. Туморот може да биде бениген или малиген.

Бенигните тумори не се рак. Често бенигните тумори можат оперативно да се остранат и, во повеќето случаи, не се јавуваат повторно. Клетките во бенигните тумори не се шират во останатите делови на телото, т.е. не метастазираат.

Најбитно е тоа што бенигните тумори се ретко смртоносни.

Малигните тумори се нарекуваат уште и рак или карцином. Клетките во малигните тумори се абнормални и се делат без надзор и ред. Клетките на ракот се шират во околните ткива и органи и доведуваат до нивно уништување.

Исто така, покрај оваа особина да се шират во околината, раковите клетки можат, преку крвните и лимфните садови, да се пренесат и на одалечени ткива и органи во телото и да дадат метастази во нив.

Ракот на гркланот се нарекува уште и ларингеален керцином. Може да се развие во сите делови на гркланот, како во: глотисот (каде се сместени гласните жици), супраглотисот (делот над гласните жици) или во субглотисот (делот кој го спојува гркланот со душникот).

Во случаите кога ракот на гркланот се проширува надвор од него, обично прво се зафаќаат околните лимфни јазли во вратот. Исто така, со својот локален раст и ширење, ракот на гркланот може да го зафати и задниот дел на јазикот, но и другите делови на грлото и вратот.

Преку крвта може да ги зафати и белите дробови, како и другите делови на телото. Кога ракот на гркланот ќе се прошири и на оддалечените ткива и органи во телото, се означува како метастаски ларингеален карцином.

Епидемиологија

Малигните тумори на гркланот се ретки тумори и застапени со 5% во вкупниот број на малигни заболувања.

Во Британија, секоја година се дијагностицираат околу 2,200 нови случаи на ларингеалне карцином.

Во САД, во 2008 година се дијагностицирани 12,250 нови случаи на ларингеален карцином, и 3,670 случаи на смрт.

Ларингеалните карциноми се јавуваат 4 до 5 пати почесто кај мажите отколку кај жените.

Најголемиот број на болни се на возраст од 40 до 70 години, а пикот на инциденцата е во шестата деценија од животот.

Честота на јавување на ракот на гркланот спрема возраста:

  • од 50 до 70 години 70%,
  • од 40 до 50 години 12%,
  • од 30 до 40 години 4%,
  • ретко се јавува на возраст пред 30 години.