• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми Печати

Преглед за можностите за третман

Малите површински карциноми без фиксација на ларинксот или зафаќање на лимфните јазли успешно се лекуваат само со радиотерапија или само со хирургија вклучувајќи ја ексцизиската ласер хирургија.

Радиотерапијата може да биде избрана тераписка метода заради зачувување на гласот, со тоа што хирургијата останува како спасителна процедура во случаите на неуспех на третманот.

Полињата и дозата на зрачење се определуваат според локацијата и големината на примарниот тумор.

Постојати различни куративни хируршки процедури, кои исто така се препорачуваат за ларингеалните карциноми, а некои од нив овозможуваат зачувување на вокалната функција. За секој пациент се избира соодветна хируршка процедура во зависност од анатомското значење, општата состојба и клиничката експертиза на тимот за лекување.

Напреднатите карциноми на ларинксот често се третираат со комбинација на зрачење и хирургија.

Прегледот на публикуваните клинички резултати од радикалната радиотерапија за карциномите на главата и на вратот укажува на значително намалување на локалната контрола кога радиотерапијата се администрира во продолжен временски период; поради тоа, продолжувањето на стандардните шеми на третман би требало да се избегнува во сите случаи кога тоа е можно.

Бидејќи стапката на излекување на напреднатите лезии е ниска, би требало да бидат земени во предвид клинички испитувања на хемотерапијата, хиперфракционираната радиотерапија, радиосензитизаторите и корпускуларната радиотерапија.

Иако со примената на хемотерапијата администрирана како неоадјувантна не е постигнато зголемување на стапката на излекување, постигнато е зголемување на можноста за зачувување на органот.

Во мултиинституционална клиничка студија, пациентите биле рандомизирани за индукциски cisplantin плус 5-флуороурацил (5-ФУ) следен со радиотерапија, радиотерапија администрирана конкурентно со cisplantin, или само радиотерапија.

Конкурентната радиотерапија плус cisplantin резултирала со статистички значително повисок процент на пациенти со интактен ларинкс по 2 години (88% наспроти 75% и 70% за конкурентната хемотерапија, индуктивната хемотерапија, и само радиотерапијата, респективно) споредено со другите два режима. Двата режима со хемотерапија имале пониска инциденца на далечни метастази и подобро преживување без релапс, споредено со само радиотерапијата, но тие исто така имале повисока стапка на повисок степен на токсични ефекти. Стапките на целосното преживување не биле значително различни меѓу различните групи.

Ризикот за метастази во лимфните јазли кај пациентите со стадиум I на глотис карциномот се движи од 0% до 2%, и за понапреднатата болест, како што се стадиум II и стадиум III на глотичен карцином, инциденцата е само 10% и 15%, респективно.

Поради тоа, нема потреба од елективно зрачење на лимфните јазли кај пациентите со стадиум I и малите стадиум II глотични карциноми. Елективната нодална ирадијација треба да се земе во обѕир кај поголемите тумори, или кај супраглотичните тумори.

За пациентите со карцином на супглотисот се претпочита комбинација на модалитетите на третман, иако за ретките мали лезии (стадиум I или стадиум II) може да се примени само радиотерапија.

Пациентите што пушат, во текот на радиотерапијата, покажуваат пониски стапки на одговор и покусо траење на преживувањето споредено со оние што не пушат; поради тоа, пациентите треба да бидат советувани да го прекинат пушењето пред започнувањето на радиотерапијата.

Постојат докази дека е демонстрирана повисока инциденца (>30%-40%) на хипотироидизам кај пациентите кај кои било спроведено надворешно зрачење на целата тироидна жлезда. Испитувањето на тироидната жлезда би требало да се остварува пред почетокот на третманот и во текот на следењето на пациентите.

Терапија по стадиуми

Стадиум I на карцином на ларинксот

Супраглотис

Стандардни опции на третман:

  • Радиотерапија како самостоен модалитет на третман.
  • Супраглотична ларингектомија.
  • Тоталната ларингектомија може да биде резервирана за пациентите што не се способни да ги толерираат потенцијалните респираторни компликации од супраглотичната ларингектомија.

Радиотерапијата треба да се претпочита поради добрите резултати, зачувувањето на гласот, и поради можноста за спасителна хируршка процедура кај оние пациенти чијашто болест локално ќе рецидивира.

Глотис

Стандардни опции на третман:

  • Радиотерапија.
  • Кордектомија кај многу внимателно селектирани пациенти со ограничени и површински Т1 лезии.
  • Парцијална или хемиларингектомија или тотална ларингектомија, во зависност од анатомското значење.
  • Ласер-ексцизија.

Супглотис

Стандардни опции на третман:

  • Лезиите можат да бидат успешно третирани само со радиотерапија со зачувување на нормалниот глас.
  • Хирургијата е резервирана за пациентите кај кои постои неуспех од радиотерапијата или за оние пациенти што не можат лесно да го спроведат зрачењето.

Стадиум II на карцином на ларинксот

Супраглотис

Стандардни опции на третман:

  • Радиотерапија како самостоен модалитет на третман.
  • Супраглотична ларингектомија или тотална ларингектомија во зависност од локацијата на лезијата, клиничкиот статус на пациентот и проценката на тимот за третман. Мора да се направи внимателна селекција за постоперативно да се обезбеди соодветна белодробна функција и функција на голтање.

Радиотерапијата треба да се претпочита поради добрите резултати, зачувувањето на гласот, и поради можноста за спасителна хируршка процедура кај оние пациенти чијашто болест локално ќе рецидивира.

Постоперативната радиотерапија е индицирана за позитивни или блиски хируршки рабови.

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација:

  • Хиперфракционирана радиотерапија за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
  • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

Глотис

Стандардни опции на третман:

  • Радиотерапија.
  • Парцијална или хемиларингектомија или тотална ларингектомија во зависност од анатомското значење.
  • Ласерската микрохирургија може да биде соодветна во одредени околности.

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација:

  • Хиперфракционирана радиотерапија, за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
  • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

Супглотис

Стандардни опции на третман:

  • Лезиите можат да бидат успешно третирани само со радиотерапија со зачувување на нормалниот глас.
  • Хирургијата е резервирана за пациентите кај кои постои неуспех од радиотерапијата или за оние пациенти кај кои следењето би било отежнато.

Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација:

  • Хиперфракционирана радиотерапија, за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
  • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

Стадиум III на карцином на ларинксот

Супраглотис

Стандардни опции на третман:

  • Хирургија со или без постоперативна радиотерапија.
  • Дефинитивна радиотерапија со хирургија како спасителна постапка кај неуспехот од радиотерапијата.
  • Хемотерапија администрирана конкомитантно (истовремено) со радиотерапијата може да се земе во обѕир кај пациентите кај кои би била потребна тотална ларингектомија за контрола на болеста. Ларингектомијата би била резервирана за оние пациенти со <50% одговор на хемотерапијата или за оние што имаат перзистентна болест по радиотерапијата.
  • Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација:

    • Хиперфракционирана радиотерапија, за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
    • Клинички испитувања коишто ја проучуваат хемотерапијата, радиосензитизаторите, или корпускуларната радиотерапија.
    • Метаанализа на 3 испитувања на пациенти со локално напреднати ларингеални карциноми ги споредувала пациентите што биле лекувани со стандардна радикална хирургија плус радиотерапија со пациентите што примиле неоадјувантен cisplantin и 5-флуороурацил (5-ФУ), следено само со радиотерапија кај оние што покажале одговор, или радикална хирургија плус радиотерапија кај оние што не покажале одговор. Метаанализата покажала несигнификантен тренд во прилог на контролната група што била лекувана со стандардна хирургија плус радиотерапија, со апсолутно негативен ефект во групата лекувана со хемотерапија, кој го редуцирал петгодишното преживување околу 6%. Можноста за лесно намалување на преживувањето мора да биде балансирана со зачувувањето на ларинксот кај оние пациенти чијашто болест била контролирана.
    • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

    Глотис

    Стандардни опции на третман:

    • Хирургија со или без постоперативна радиотерапија.
    • Дефинитивна радиотерапија со хирургија како спасителна постапка кај неуспехот од радиотерапијата.
    • Хемотерапија администрирана конкомитантно со радиотерапијата може да се земе во обѕир кај пациентите кај кои би била потребна тотална ларингектомија за контрола на болеста. Ларингектомијата би била резервирана за оние пациенти со <50% одговор на хемотерапијата, или за оние што имаат перзистентна болест по радиотерапијата.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација

    • Хиперфракционирана радиотерапија, за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
    • Клинички испитувања коишто ја проучуваат хемотерапијата, радиосензитизаторите, или корпускуларната радиотерапија.
    • Метаанализа на 3 испитувања на пациенти со локално напреднати ларингеални карциноми ги споредувала пациентите што биле лекувани со стандардна ради- кална хирургија плус радиотерапија со пациентите што примиле неоадјувантен cisplantin и 5-флуороурацил (5-ФУ), следено само со радиотерапија кај оние што покажале одговор или радикална хирургија плус радиотерапија кај оние што не покажале одговор. Метаанализата покажала несигнификантен тренд во прилог на контролната група што била лекувана со стандардна хирургија плус радиотерапија, со апсолутно негативен ефект во групата лекувана со хемотерапија, кој го редуцирал петгодишното преживување околу 6%. Можноста за лесно намалување на преживувањето мора да биде балансирана со зачувувањето на ларинксот кај оние пациенти чијашто болест била контролирана.
    • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

    Супглотис

    Стандардни опции на третман:

    • Ларингектомија плус изолирана тироидектомија и трахеоезофагеална нодална дисекција следена со постоперативна радиотерапија.
    • Третман само со радиотерапија е индициран кај пациентите што не се кандидати за хирургија. Пациентите треба да бидат следени со чести контроли и во случај на локални и/или рецидиви во вратот се планира спасителна хирургија. Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација
    • Хиперфракционирана радиотерапија, за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
    • Клинички испитувања што ја проучуваат хемотерапијата, радиосензитизаторите, или корпускуларната радиотерапија.
    • Метаанализа на 3 испитувања на пациенти со локално напреднати ларингеални карциноми ги споредувала пациентите што биле лекувани со стандардна радикална хирургија плус радиотерапија со пациентите што примиле неоадјувантен cisplantin и 5-флуороурацил (5-ФУ), следено само со радиотерапија кај оние што покажале одговор или радикална хирургија плус радиотерапија кај оние што не покажале одговор. Метаанализата покажала несигнификантен тренд во прилог на контролната група што била лекувана со стандардна хирургија плус радиотерапија со апсолутно негативен ефект во групата лекувана со хемотерапија, кој го редуцирал петгодишното преживување околу 6%. Можноста за лесно намалување на преживувањето мора да биде балансирана со зачувувањето на ларинксот кај оние пациенти чијашто болест била контролирана.
    • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година, за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

    Стадиум IV на карцином на ларинксот

    Супраглотис

    Стандардни опции на третман:

    • Тотална ларингектомија со постоперативна радиотерапија.
    • Дефинитивна радиотерапија со хирургија како спасителна постапка кај неуспехот од радиотерапијата.
    • Хемотерапија администрирана конкомитантно со радиотерапијата може да се земе во обѕир кај пациентите кај кои би била потребна тотална ларингектомија за контрола на болеста. Ларингектомијата би била резервирана за оние пациенти со <50% одговор на хемотерапијата или за оние што имаат перзистентна болест по радиотерапијата.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација:

    • Хиперфракционирана радиотерапија, за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
    • Клинички испитувања коишто ја проучуваат хемотерапијата, радиосензитизаторите, или корпускуларната радиотерапија.
    • Метаанализа на 3 испитувања на пациенти со локално напреднати ларингеални карциноми ги споредувала пациентите што биле лекувани со стандардна радикална хирургија плус радиотерапија со пациентите што примиле неоадјувантен cisplantin и 5-флуороурацил (5-ФУ), следено само со радиотерапија кај оние што покажале одговор или радикална хирургија плус радиотерапија кај оние што не покажале одговор. Метаанализата покажала несигнификантен тренд во прилог на контролната група што била лекувана со стандардна хирургија плус радиотерапија, со апсолутно негативен ефект во групата лекувана со хемотерапија, кој го редуцирал петгодишното преживување околу 6%. Можноста за лесно намалување на преживувањето мора да биде балансирана со зачувувањето на ларинксот кај оние пациенти чијашто болест била контролирана.
    • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

    Глотис

    Стандардни опции на третман:

    • Тотална ларингектомија со постоперативна радиотерапија.
    • Дефинитивна радиотерапија со хирургија како спасителна постапка кај неуспехот од радиотерапијата.
    • Хемотерапија администрирана конкомитантно со радиотерапијата може да се земе во предвид кај пациентите кај кои би била потребна тотална ларингектомија за контрола на болеста. Ларингектомијата би била <50% одговор на хемотерапијата или за оние што имаат перзистентна болест по радиотерапијата.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација:

    • Хиперфракционирана радиотерапија, за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
    • Клинички испитувања коишто ја проучуваат хемотерапијата, радиосензитизаторите, или корпускуларната радиотерапија.
    • Метаанализа на 3 испитувања на пациенти со локално напреднати ларингеални карциноми ги споредувала пациентите што биле лекувани со стандардна радикална хирургија плус радиотерапија со пациентите што примиле неоадјувантен cisplantin и 5-флуороурацил (5-ФУ), следено само со радиотерапија кај оние што покажале одговор или радикална хирургија плус радиотерапија кај оние што не покажале одговор. Метаанализата покажала несигнификантен тренд во прилог на контролната група што била лекувана со стандардна хирургија плус радиотерапија, со апсолутно негативен ефект во групата лекувана со хемотерапија, кој го редуцирал петгодишното преживување околу 6%. Можноста за лесно намалување на преживувањето мора да биде балансирана со зачувувањето на ларинксот кај оние пациенти чијашто болест била контролирана.
    • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

    Супглотис

    Стандардни опции на третман:

    • Ларингектомија плус изолирана тироидектомија и билатерална трахеоезофагеална нодална дисекција следена со постоперативна радиотерапија.
    • Третман само со радиотерапија е индициран кај пациентите што не се кандидати за хирургија.
    • Хиперфракционирана радиотерапија, за да ги подобри стапките на туморската контрола и да ја намали доцната токсичност во нормалните ткива.
    • Симултана хемотерапија и хиперфракционирана радиотерапија.
    • Клинички испитувања што ја проучуваат хемотерапијата, радиосензитизаторите, или корпускуларната радиотерапија.
    • Метаанализа на 3 испитувања на пациенти со локално напреднати ларингеални карциноми ги споредувала пациентите што биле лекувани со стандардна радикална хирургија плус радиотерапија со пациентите што примиле неоадјувантен cisplantin и 5-флуороурацил (5-ФУ), следено само со радиотерапија кај оние што покажале одговор или радикална хирургија плус радиотерапија кај оние што не покажале одговор. Метаанализата покажала несигнификантен тренд во прилог на контролната група што била лекувана со стандардна хирургија плус радиотерапија, со апсолутно негативен ефект во групата лекувана со хемотерапија, кој го редуцирал петгодишното преживување околу 6%. Можноста за лесно намалување на преживувањето мора да биде балансирана со зачувувањето на ларинксот кај оние пациенти чијашто болест била контролирана.
    • Изотретиноин (13-cis-ретиноична киселина) дневно во тек на 1 година за да го спречи развитокот на втор примарен тумор во аеродигестивниот тракт.

    Рекурентен ларингеален карцином

    Третманот на рекурентниот супраглотичен, глотичен и супглотичен карцином вклучува хирургија или клинички испитувања.

    Стандардни опции на третман:

    • Спасителната постапка е можна за неуспесите од примената само на хирургија или само на радиотерапија, кога се изведува хируршка процедура и/или радиотерапија.
    • Селектирани пациенти можат да бидат кандидати за парцијална ларингектомија ако рецидивот се јавил по спроведена радиотерапија.
    • Реирадијацијата заради зачувување на ларинксот, по појава на рецидив по радиотерапијата, резултирала со долготрајно преживување само кај мал број пациенти; може да биде земена во предвид за мали рецидиви по радиотерапија, особено кај оние пациенти што одбиваат, или што не се кандидати за ларингектомија.
    • Со системска хемотерапија може да се постигне одговор со варијабилно траење.
    • Спасителната постапка по претходна тотална ларингектомија и радиотерапија има лоши резултати.

    Опции на третман, кои се во тек на клиничка евалуација:

    • Пациентите чијашто болест не покажала одговор на комбинирана радиотерапија и хирургија веројатно е најдобро да бидат третирани со палијативна хемотерапија во склот на клиничките студии.

    Радиотерапија

    Дефинитивна РТ

    Примарен тумор и опсежна аденопатија: ≥ 70 Gy (2 Gy/ден)

    Врат

    Региони со низок ризик: ≥ 50 Gy (2 Gy/ден)

    Адјувантна РТ

    Примарен тумор: ≥ 60 Gy (2 Gy/ден)

    Врат

    Региони со висок ризик: ≥ 60 Gy (2 Gy/ден)

    Региони со низок ризик: ≥ 50 Gy (2 Gy/ден)