• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми PDF Печати

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите (TNM-tumor, nodus, metastasa) класификацијата и систем и AJCC системот на стадиумско групирање.

TNM класификација

Примарен тумор (Т)

ТX: Примарниот тумор не може да биде проценет

Т0: Нема доказ за примарниот тумор

Tis: Carcinoma in situ

Супраглотис

Т1: Тумор ограничен на едно место на потекло во супраглотисот со нормална подвижност на гласните жици,

Т2: Тумор што врши инвазија на мукозата на повеќе од едно соседно место на потекло во супраглотисот или глотисот или регион надвор од супраглотисот (мукозата на базата на јазикот, валекулата, или внатрешниот ѕид на пириформниот синус), без фиксација на ларинксот,

Т3: Тумор ограничен на ларинксот со фиксација на гласните жици и/или со инвазија во едно од следниве места: посткрикоидната регија, преепиглотичните ткива, параглотичниот простор и/или мала ерозија на тироидната ‘рскавица (внатрешниот кортекс)

Т4а: Тумор што врши инвазија низ тироидната ‘рскавица и/или врши инвазија на ткивата вон границите на ларинксот (трахеата, меките ткива на вратот вклучувајќи ја длабоката надворешна мускулатура на јазикот, тироидната жлезда, или хранопроводникот),

Т4b: Тумор што врши инвазија на превертебралниот простор, каротидната артерија или медијастиналните структури.

Местата на потекло во супраглотисот се следниве:

  • Лажните гласни жици
  • Аритеноидните ‘рскавици
  • Супрахиоидниот епиглотис
  • Инфрахиоидниот епиглотис
  • Ариепиглотичните набори (ларингеалниот аспект)
Глотис

Т1: Тумор ограничен на гласната жица (жици) со сочувана подвижност (можна е зафатеност на предната или задната комисура)

Т1а: Тумор ограничен на една гласна жица

Т1б: Тумор што ги зафаќа двете гласни жици

Т2: Тумор проширен во супраглотисот и/или супглотисот, и/или намалена подвижност на гласните жици,

Т3: Тумор ограничен на ларинксот со фиксација на гласните жици и/или врши инвазија на параглотичниот простор, и/или мала ерозија на тироидната ‘рскавица (внатрешниот кортекс),

Т4а: Тумор што врши инвазија низ тироидната ‘рскавица и/или врши инвазија на ткивата вон границите на ларинксот (трахеата, меките ткива на вратот вклучувајќи ја длабоката надворешна мускулатура на јазикот, тироидната жлезда, или хранопроводникот),

Т4b: Тумор што врши инвазија на превертебралниот простор, каротидната артерија, или медијастиналните структури.

Супглотис

Т1: Тумор ограничен на супглотисот,

Т2: Тумор проширен на гласните жици со нормална или со намалена подвижност,

Т3: Тумор ограничен на ларинксот со фиксација на гласните жици,

Т4а: Тумор што врши инвазија на крикоидната или тироидната ‘рскавица и/или врши инвазија на ткивата вон границите на ларинксот (трахеата, меките ткива на вратот вклучувајќи ја длабоката надворешна мускулатура на јазикот, тироидната жлезда, или хранопроводникот),

T4b: Тумор што врши инвазија на превертебралниот простор, каротидната артерија, или медијастиналните структури,

Регионални лимфни јазли (N)

NX: Регионалните лимфни јазли не можат да се проценат,

N0: Нема метастази во регионалните лимфни јазли,

N1: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, ≤3 cm во најголемиот дијаметар,

N2: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, >3 cm но <6 cm во најголемиот дијаметар, или во мултипли лимфни јазли ≤6 cm во најголемиот дијаметар, или во билатерални или контралатерални лимфни јазли ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N2a: Метастаза во поединечен ипсилатерален лимфен јазол, >3 cm но <6 cm во најголемиот дијаметар,

N2b: Метастази во мултипли лимфни јазли ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N2c: Метастази во билатерални или контралатерални лимфни јазли, ≤6 cm во најголемиот дијаметар,

N3: Метастаза во лимфен јазол >6 cm во најголемиот дијаметар

Постојат 3 стадиуми за клинички позитивните лимфни јазли: N1, N2 и N3. Употребата на подгрупите a, b и c не е задолжителна, но се препорачува. Лимфните јазли долж средната линија се сметаат како хомолатерални лимфни јазли.

Далечни метастази (М)

МX: Далечните метастази не можат да се проценат

М0: Нема далечни метастази

М1: Далечни метастази

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

Групирање според AJCC стадиумите

Стадиум I

Т1 N0 М0

Стадиум II

Т2 N0 М0

Стадиум III

Т3 N0 М0

Т1 N1 М0

Т2 N1 М0

Т3 N1 М0

Стадиум IVA

Т4а N0 М0

Т4а N1 М0

Т1 N2 М0

Т2 N2 М0

Т3 N2 М0

Т4а N2 М0

Стадиум IVB

Т4b кое било N М0

кое било Т N3 М0

Стадиум IVC

кое било Т, кое било N, М1