• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Тераписки опции кај хондросаркомот Печати

Терапискиот пристап кај остеосаркомот се одредува врз база на стадиумот на болеста и градусот на туморот.

Дополнителни параметри, кои треба да се земат во предвид при одредувањето на тераписките протоколи, се: општата состојба на пациетот и возраста.

Третманот е строго индивидуализиран, односно посебно се планира и одредува за секој пациент, во зависност од претходно наведените прогностички фактори, во прв ред од стадиумот на болеста и од степенот на диференцираноста на туморот.

Расположиви тераписки модалитети за остеосаркомот се:

  • хирургија,
  • радиотерапија,
  • хемотерапија.

Хируршки третман

Хируршкиот третман е терапија на избор кај хондросаркомот. Видот на оперативниот зафат ќе зависи од локализацијата на туморот, неговата големина и проширеноста во околните ткива.

Порано хондросаркомите, локализирани на р`скавицата на коските на рацете и нозете, биле лекувани со ампутација на екстремитетот. Денес, во голем број на случаи може да се отстрани целиот тумор и дел од здравото ткиво, без да се ампутира екстремитетот. Тоа е т.н. limb-sparing хирургија, која овозможува зачувување на екстремитетот и неговата функција. Хируршки отстранетиот дел од коската се заменува со специјално дизајнирани метални протези или со коскен графт (коска земена од друг дел од телото). Доколку саркомот ја зафатил коската блиску до зглобот, целиот зглоб се отстранува и се заменува со протеза.

Потребно е да се направи широка локална ексцизија, при која се отстранува целиот тумор со дел од околното здраво ткиво. Хондросаркомот не ги зафаќа периферните нерви, па затоа тој обично може да биде ресециран, без да предизвика сериозна мутилација (осакатување), дури и кога е лошо локализиран.

Со прецизно планирање на третманот (правилен пристап, детални планови за ресекција), дури и многу големи тумори во карлицата може да бидат отстранети со минимален ризик од локално расејување

За жал, понекогаш не е можно да се спроведе овој вид на хируршки зафат и, во некои случаи, ампутацијата е единствен начин на хируршки третман Ова е често случај кај тумори кои ги зафатиле и околните нерви и крвни садови.

Во случаите кога се работи за голем тумор, кој неможе целосно да се отстрани, т. е. да се спроведе радикален хируршки третман, може да се спроведе интралезиска хирургија т.е. редукција на туморот, која има палијативна улога и ги намалува постоечките симптоми на болеста со што го подобрува квалитетот на животот.

Хемотерапија

Во случаите кога се работи за нецелосно отстранување на туморот со операцијата, или се работи за високоградусни агресивни тумори, се применува постоперативна хемотерапија. Најчесто користен хемотераписки протокол е: cisplatin, doxorybicyn и iphosphamide.

Хондросаркомот е радио и хеморезсистентен, па затоа, за да се постигне одреден одговор со овие тераписки модалитети, потребно е да се применат високи зрачни дози, како и високи дози на хемотерапија т.е. агресивна хемотерапија.

Радиотерапија

Радиотерапија се применува како постоперативната или како дефинитивна т.е. самостојна тераписка метода.

Постоперативната радиотерапија се применува кај оние болни кај кои хируршките рабови се хистолошки позитивни (присуство на малигни клетки на хируршките рабови) и кај високоградусните тумори.

Радиотерапијата се спроведува со надворешно зрачење со линеарен акцелератор со високоенергетски фотони, чија енергија ќе зависи од локализацијата на туморот.

Радиотерапијата се спроведува со внимателно планирање на зрачното поле, кое треба да го опфати целиот тумор и да се оди барем 5 cm во здраво ткиво, сметајќи од видливите граници на туморот. Вкупната зрачна доза е 50 Gy, остварена во тек на 4 недели.

Примарната радиотерапија е терапија на избор кај неоперабилните хондросаркоми, која може да се комбинира и со хемотерапијата.

Зрачните дози се многу високи и изнесуваат 70 Gy, па и повеќе. Се спроведува надворешна радиотерапија со комбинација на фотони и неутрони.

За жал, хондросаркомот дава многу слаб одговор на хемотерапијата и радиотерапијата. Тој е радио и хеморезистентен тумор.