• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Начин на ширење на остеосаркомот PDF Печати

Остеосаркомот се шири по три главни механизми. Тоа се:

  • директно ширење,
  • ширење по крвен пат,
  • ширење по лимфен пат.

Директно ширење

Остеосаркомот се шири во коскената шуплина, долж коската во која настанал. Со неговиот локален раст, тој може покасно да ги зафати и околните меки ткива.

Ширење по крвен пат

Остеосаркомот често дава далечни метастази, кои се јавуваат како резултат на расејувањето на малигните клетки по крвен пат.

Најчесто дава белодробни метастази, кои во 50% од пациентите се јавуваат веќе по 5-6 месеци, а во 20% од пациентите по 2 години од поставувањето на дијагнозата.

Метастазите во белите дробови обично се асимптоматски. Типична локализација на белодробните метастази е субплеврална (под белодробната обвивка-плевра). Доколку метастазата ја зафати и плеврата, тогаш доаѓа до развој на плеврален излив, што е лош прогностички знак.

Централно локализизираните метастази во белите дробови може да вршат притисок на некој од главните дишни патишта (бронхи), па да дадат слика во која доминираат: отежнато дишење, напади на гушење, болки во градите и хемоптизии (искашлување на крв).

Остеосаркомот често дава и коскени метастази.

Остеосаркомот поретко метастазира во другите органи, но со сè почестата примена на комбинираната терапија (хирургија, радиотерапија и хемотерапија) во третманот на остеосаркомот, се продолжува и севкупното преживување кај пациентите, па денес се сè почести и метастазите во другите далечни ткива и органи, како што се кожата, мозокот и црниот дроб.

Ширење по лимфен пат

Остеосаркомот многу ретко метастазира по лимфен пат (во само 3% од случаите).