• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми на остеосаркомот PDF Печати

Одредувањето на степенот на диференцираноста на туморот т.е. неговиот градус (G) е од големо значење, како за одредување на стадиумот на болеста и нејзината прогнозата, така и за планирањето на терапијата.

Вискоградусните тумори се агресивни тумори и брзо локално се шират и брзо даваат далечни метастази. Во нивниот третман се применува агресивна комбинирана терапија, која ги вклучува сите тераписки модалитети: хирургијата, хемотерапијата и радиотерапијата. Прогнозата на овие тумори е многу полоша од онаа на нискоградусните тумори.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

G1 – нискоградусни тумори (добро диференцирани),

G2 – високоградусни тумори (лошо диференцирани).

Стадиумите го вклучуваат степенот на диференцираноста на туморот (G), како и локалниот раст и дистантните метастази.

Универзалната TNM класификација не се често користи за саркомите, бидејќи тие многу ретко метастазираат во лимфните јазли.

Почесто користен систем за стејџирање на саркомите е т.н. Enneking систем. Тој се базира на градусот на туморот (G), на локалната проширеност на примарниот тумор (T) и на присутните метастази во лимфните јазли или во другите оддалечени ткива и органи (М).

Локалната проширеност на примарниот тумор се класифицира со:

  • Т1 - означува тумор ограничен во пределот на зафатената коска,
  • Т2 - означува тумор кој се проширил надвор од коската и ги зафатил околните структури.

Метастазирањето на примарниот тумор се одредува со:

М0 - нема присуство на метастази во лимфните јазли и далечните ткива и органи,

М1 – присуство на метастази во лимфните јазли и далечните ткива и органи.

Овие фактори се комбинираат за да го дадат стадиумот на болеста.

Стадиум Градус Тумор Метастази
IA G1 T1 M0
IB G1 T2 M0
IIA G2 T1 M0
IIB G2 T2 M0
IIIA G1 или G2 T1 M1
IIIB G1 или G2 T2 M1

Стадиуми на болеста

IA – карциномот е нискоградусен и е ограничен само на зафатената коска,

IB – карциномот е нискоградусен и е проширен надвор од зафатената коска и ги инфилтрира околните меки ткива, каде има крвни садови и нерви,

IIA – карциномот е високоградусен и е ограничен само на зафатената коска,

IIB – карциномот е високоградусен и е проширен надвор од зафатената коска и ги инфилтрира околните меки ткива, каде има крвни садови и нерви,

IIIA – карциномот е или нискоградусен или високоградусен, ограничен на зафатената коска, но има и присутни далечни метастази,

IIIB – карциномот е или нискоградусен или високоградусен, проширен е надвор од зафатената коска и ги инфилтрира околните меки ткива и има присутни се далечни метастази.