• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лимонот го засилува благотворното дејство на зелениот чај

Со додавање на малку лимонов сок во зелениот чај може да се засили дејството на чајот, истакнуваат истражувачите од Американскиот Универзитет „Purdue“ (www.purdue.edu). Кога сокот од лимон ќе се додаде во зелениот чај, организмот подобро ги апсорбира катехините, атиоксиданси кои се содржани во зелениот чај.

Истражувањето се состоело во испитување на дејството на додадениот витамин Ц, и лимонов сок, во напитоци богати со катехими, во тек на лабораториски стимулирано варење. Резултатите покажале дека додавањето на лимонов сок, но и на витамин Ц, го зголемува корисното дејство на зелениот чај, кој веќе е познат по својот позитивен ефект по здравјето на човекот, бидејќи катехините кои се наоѓаат во него ја намалуваат опасноста од појава на рак и срцеви заболувања.

altВодачот на овие истражувања, Проф. Mario Feruci, укажува дека проблемот е во тоа што се катехините релативно нестабилни во цревната средина, така да само 20% од количината на катехини останува во човечкиот организам после варењето.

Научниците затоа се обидуваат да ја подобрат апсорпцијата на овие антиоксиданси.

Пијте го зелениот чај со лимон, а не со млеко!

Додавањето на лимонов сок може да ја зголеми апсорпцијата на катехините за 5 пати, додека пак, во случај на додавање на чист витамин Ц, апсорпцијата се зголемува дури за 13 пати.

Дејството кое му се препишува на лимонот не може, меѓутоа, да му се препише и на млекото, со кое Британците обично го пијат чајот. Истражувањето, чии резултати се објавени во почетокот на 2007 година, во медицинскиот часопис "European Heart Journal", покажало дека додавањето на малку млеко во чајот го анулира неговото позитивно дејство на срцето. Ова истажување покажало дека белковините во млекото (казеини) доаѓаат во интеракција со чајот, смалувајќи ја количината ка катехими во него, што е спротивно од делувањето на витаминот Ц.

 

Прочитајте и: