• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Мастите се важни и неопходни во исхраната

Една третина од калориите кои секојдневно се внесуваат, треба да потекнуваат од мастите, дури и кога се обидуваме да се ослободиме од вишокот килограми.

Мастите се потребни за:

  • енергија,
  • обновување на ткивата,
  • транспорт на витамините низ телото.

Во просек, на жените им се потребни околу 70 грама масти дневно, а на мажите 95 грама. минималната дневна количина на масти не треба да биде пониска од 30 грама. Наместо целосно да ги отстраниме мастите од исхраната, треба да се трудиме да заситените масни киселини ги замениме со незаситени.

Во храна богата со незаситени масти спаѓаат некои видови риба, како лососот и сардините, зелениот лиснат зеленчук, оревите и другите видови на семки, маслиновото масло и др.

 

Прочитајте и: