• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Ароматерапија при третман на канцер

Ароматерапија

Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата...
Yoga

Јога - равнотежа на духот и телото

Јогата е повеќе од 3500 години старо учење, кое е утемелено во индиската култура и филозофија. Таа претставува комплексен состав...
Кората на мандарината – можен лек за некои видови на рак?

Научниците од фармаколошкото ушилиште Leicester утврдиле дека материјата присутна во кората на мандарината може да ги уништи клетките на некои видови на рак.

Салвестрол Q40 во голема мерка е присутен во кората, отколку во самото овошје, а спаѓа во групата на фитоалексини, хемиски соединенија кои растенијата ги произведуваат како одбранбен механизам од напаѓачи како што се инсектите или габите.

Лабораториските испитувања покажале дека оваа материја кога ќе се најде внатре во клетките на ракот станува токсична, притоа предизвикувајќи уништување на овие клетки.

Оваа трансформација е последица на ензимот P450 CYP1B1 чие ниво е зголемено во клетките на ракот. СалевестролотQ40 за нив е 20 пати потоксичен отколку за здравите клетки.

Наодите укажуваат на можноста дека современите трендови за отфрлање на кората на ова овошје, можно е да придонело за зголемената појава на одредени облици на карцином.

Научниците веруваат дека на база на нивната студија ќе може да се развијат нови, природни третмани на рак.

Салвестролот е присутен и кај други видови на овошје и зеленчук, како на пример брокулата.

Неговото ниво е поголемо доколку насадите биле изложени на некои инфекции, така што користењето на пестициди и фунгициди придонесува за помала присутност на салвестролот.