• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми PDF Печати

Стадиуми на болеста

За одредувањето на прогнозата, како и за спроведување на адекватен третман кај секој пациент одделно, од голема важност се: стадиумот на болеста, хистопатолошкиот тип на туморот, како и возраста и општата состојба на пациентот.

Стадиуми за папиларен, фоликуларен и недиференциран тироиден карцином

Сите категории треба да се поделат на:

  • солитарни тумори
  • мултифокални тумори

ТNM – класификација

T - примарен тумор

TX - примарниот тумор не е можно да се процени;

T0 - нема доказ за присуство на примарен тумор;

T1 - тумор до 1 cm во неговиот најголем дијаметар, ограничен на тироидната жлезда;

T2 – тумор поголем од 1 cm, но помал од 4 cm во неговиот најголем дијаметар;

T3 – тумор поголем од 4 cm во неговиот најголем дијаметар, но ограничен само во тироидната жлезда;

T4 – тумор со било која големина, но кој ја пробива тироидната капсула.

N - нодален регионален статус

Nx - регионалните лимфни јазли не можат да се испитаат;

N1а – метастази во истостраните вратни лимфни јазли:

N2b – метастази во билатералните вратни лимфни јазли или во медијастиналните лимфни јазли.

M - оддалечени метастази

Mx - дистантните метастази не можат да се испитаат;

Mo - нема дистантни метастази;

M1 - присутни се дистантни метастази.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

GX - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

Стадиумско групирање за папиларен и фоликуларен карцином

(пациенти под 45 годишна возраст)

Стадиум I – било кое Т, било кое N, M0.

Стадиум II - било кое Т, било кое N, M1.

За пациенти над 45 години

Стадиум I – T1,N0,M0.

Стадиум II - T2,N0,M0. и T3,N0,M0.

Стадиум III - T4,N0,M0 и, било кое Т, N1,M0).

Стадиум IV - било кое Т, било кое N, M1.

Стадиумско групирање за медуларен карцином

Стадиум I - T1,N0,M0.

Стадиум II - T2,N0,M0; T3,N0,M0; T4,N0,M0.

Стадиум III - било кое Т, N1,M0

Стадиум IV - било кое Т, било кое N, M1.

Недиференциран тироиден карцином

Сите случаи се Стадиум IV: било кое Т, било кое N, било кое М.