• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Хистопатолошка класификација - Лист 5 PDF Печати
Индекс на артикл
Хистопатолошка класификација
Страна 2
Страна 3
Страна 4
Страна 5
Сите страници

Периваскуларни тумори – малиген hemangiopericytom

Хемагиоперицитом е малиген васкуларен тумор, кој потекнува од перицитите кои се наоѓаат околу капиларите и венулите Ова е редок тумор и учествува со 3% од сите мекоткивни саркоми.

Хемагиоперицитомот може да се јави како споро растечка, длабоко локализирана, безболна маса, сместена во било која анатомска регија на телото. Најчесто се јавува на екстремитетите, во перитонеумот, а исклучиво ретко во системот за варење. Овој тумор скоро секогаш е солитарен, со мазна површина и во најголем број на случаи е добро ограничен и инкапсулиран. Но, и покрај тоа, хируршката ексцизија може да е тешка за изведување, поради обилното крварење, па често се потребни и реексплорации (повторна оперативна итервенција).

Овој тумор се јавува кај пациенти со средна возраст од 45 години, а поретко се јавува кај децата и адолесцентите. Подеднакво се јавува и во двата пола.

Хемагиоперицитомот може да биде споро растечки, но и агресивен тумор, со брз раст и висок малиген потенцијал.

Терапија е хируршката, која често се комбинира со радиотерапијата и хемотерапијата.

Саркоми со неодредена хистогенеза

Тука спаѓаат:

  • myxoma,
  • mesenchymoma,
  • alveolar soft part sarcoma,
  • epithelioid sarcoma,
  • cleas cell sarcoma,
  • desmoplastic small cell tumor.