• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Хистопатолошка класификација - Лист 2 PDF Печати
Индекс на артикл
Хистопатолошка класификација
Страна 2
Страна 3
Страна 4
Страна 5
Сите страници

Liposarcom

Липосаркомот потекнува од масното ткиво и учествува со 25% од сите мекоткивни саркоми. Липосаркомите се ретки малигни тумори, кои типично се јавуваат во длабоките меки ткива на бедрата или абдоменот, кај лица од 50 до 70 годишна возраст. Тој е најчест мекоткивен тумор кај возрасните. Липосаркомите обично започнуваат како безболен оток во меките ткива. Тие варираат од споро растечки до брзо растечки, агресивни тумори.

Симптомите и знаците на липосаркомот зависат од неговата локализација, како и ширењето во околните структури.

Дијагнозата се поставува со анамеза и физикален преглед по системи, после кои следат и други дијагностички процедури кои овозможуваат точна патохистолошка дијагноза и одредување на стадиумот на болеста, што е многу важно за одредување на адекватен третман за секој пациент одделно.

Лекарот зема детална анамнеза, после која следи физикалниот преглед. Лекарот треба внимателно да ја прегледа секоја тврдина или оток, кој не поминува долго време.

Рендгенграфија на зафтената регија, ехотомографија, КТ, МРИ и ПЕТ скен се користат за проценување на големината, локализацијата, проширеноста и операбилноста на туморската маса.

Се прават и рутиски лабораториски тестови. Во рутински испитувања спаѓаат: крвна слика и седиментација. Покрај рутинските испитувања, потребно е да се испитаат и хепаталните ензими, алкалната и киселата фосфатаза, уреата, креатиннот и електролитите.

Аретриографијата и лимфангиографијата се дијагностички процедури, при кои се вбризгува контраст во крвните или лимфните садови, после што се прават рендгенски снимки и се гледа како контрастот минува низ артериите или лимфните садови. Оваа метода е основна за утврдување на васкуларната и лимфната инвазија на туморот, особено пред донесување на одлука за „спасување на екстремитетот“ или т.н. „limb salvage“ хирургија.

Сепак за да се постави точна дијагноза на липосаркомот потребно е да се земе биопсија од сомнителната туморска маса и да се испрати материјалот на хистопатолошка анализа кај патолог. Тој ќе постави точна хитолошка дијагноза, како и ќе го одреди степенот на диференцираноста на туморот, кој е важен прогностички и тераписки фактор.

Терапијата на липосаркомот зависи од стадиумот на болеста, градусот на туморот, како и од општата состојба на болниот и неговата возраст. Според тоа, разгледувајќи ги сите овие фактори, се одредува најповолната тераписка опција за секој пациент одделно.

Во третманот на липосаркомот главна улога има хирургијата. Таа се спроведува во сите случаи каде може да се изведе т.е. кога се работи за операбилни тумори. Во поново време се спроведуваат попоштедни хируршки зафати, кои имаат за цел да постигнат добра локална контрола, а истовремено да ја зачуваат функцијата на зафатениот екстренитет или друг орган. Обично за таа цел, во третманот на липосаркомот се користи комбинацијата од сите 3 тераписки модалитети т.е. хирургијата, радиотерапијата и хемотерапијата. Комбинираната терапија, која ги вклучува сите три тераписки модалитети, дава најголеми шанси за излекување.

Доколку туморот е добро диференциран (G1), хируршкиот третман може да биде и единствен спроведен третман. При тоа, секако, треба да е туморот при операцијата отстранет во целост, со сигурносни граници во здравото ткиво, односно да не постои зафатеност на хируршките ивици со туморот.

Доколку туморот е високоградусен (лошо диференциран, G2 и G3), тогаш хируршкиот третман обично е пропратен со постоперативна радиотерапија, со цел да се постигне подобра локална контрола и да се намали ризикот од појава на локален рецидив. Во некои случаи липосаркомот е премногу голем или фиксиран за подлогата, што ја прави операцијата неизводлива, но хирурзите може да оценат дека туморот може, доколку се намали, да стане операбилен. Во тие случаи, лекарот може да препорача предоперативна радиотерапија или хемотерапија, со цел да се намали туморската маса.

Ако, што е чест случај, липомот е локализиран во дел од телото каде хирургијата е неможна или опасна, тогаш комбинираната радиохемотерапија е третман на избор.

Се применува како надворешна радиотерапија со линеарен акцелератор, со користење на високоенергетски фотони. Модерните техники на зрачење (3Д-конформална радиотерапија, IMRT) овозможуваат прецизно доставување на повисока доза во пределот на туморот, а минимално озрачување на околните ткива. Исто така, се постигнува и подобра локална контрола, како и помалку акутни и доцни несакани ефекти. Радиотерапијата се применува како: преоперативна, интраоперативна и постоперативна терапија.

Хемотерапијата се применува кај високо градусните липоми, кај некомплетно оперираните тумори, кај рецидивите, како и кај метастатската болест. Постојат повеќе хемотераписки протоколи.