• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 3 Печати
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Тераписки пристап кај пациенти со метастатска болест
Принципи на хемотерапија кај NSCLC
Принципи на радиотерапија кај NSCLC
Сите страници

Принципи на хемотерапија кај NSCLC

Прва линија на хемотерапија

  • Рандомизирани испитувања покажале дека cisplantin-базирана хемотерапија дава средно подобрено преживување во однос на супортивната нега кај болни со неоперабилен стадиум IIIB и IV NSCLC. Болни со добар PS и помалку подрачја зафатени со дистални метастази имаат подобар одговор и преживување.
  • Извештаите за комбинација на таксаните со платина даваат релативно висок одговор, значително поголемо едногодишно преживување и палијација на симптомите.
  • Во мултицентрична фаза на III студија, комбинацијата на cisplantin и паклитаксел покажа поголем процент на одговор во компарација со стариот режим, циспалтин и етопозид.
  • Резултатите од рандомизирани испитувања покажале дека платина-двојната комбинација е супериорна во однос на двата агенса дадени поединечно (single agent).
  • Студиите до денес покажале дека погодни стари луѓе ≥ 70 год. можат да го добијат истиот бенефит со платина-комбинираната двојна терапија како и млади пациенти, со толерабилна токсичност.
  • Кај оние болни со контраиндикации за примена на платина, нема доказ дека комбинациите што содржат лекови коишто не се базирани врз платина се подобри од примена само на винорелбин или само на гемцитабин. Одлуката за употреба на еден лек, наспроти комбинирана хемотерапија, треба да се базира врз PS и врз коморбидните кондиции на болниот, а не врз годините.
  • Проспективна рандомизирана студија компарира 4 најчесто користени платина-базирани режими кај болни со стадиум IIB и IV NSCLC: cisplantin+паклитаксел, гемцитабин+cisplantin, cisplantin+доцетаксел и карбоплатин+паклитаксел. Нема разлика меѓу одговорот и преживувањето помеѓу овие различни режими.
  • Болни со PS 2 имаат значително поизразени токсични ефекти и полошо преживување во компарација со болни со PS 0 и1.
  • Метаанализа на податоци од 54 рандомизирани испитувања покажала апсолутна корист во преживувањето од 4% за 2 години, со додавање на cisplantin-базирана хемотерапија на радиотерапијата кај локално напреднат NSCLC. Постојат завршени фази-III од три испитувања и една метаанализа, кои, пак, ја компарираат употребата на секвенциската RT, компарирана со конкурентната радиохемотерапија. Cochrane-метаанализата ја прифаќа конкурентната радиохемотерапија како стандарден третман, со придобивка во средното време на преживување од 17 месеци наспрема 14 месеци во корист на конкурентната радиохемотерапија.
  • Кај болни со напреднат белодробен немикроцелуларен карцином, бројот на циклуси не треба да надмине четири.
  • Предоперативната хемотерапија е стандарден третман за ресектибилен IIIa стадиум. Добиено е значително подобро преживување со индукциска хемотерапија плус хирургија отколку само хирургија.
  • Податоци за адјувантна хемотерапија по операција ги дава International Adjuvant Lung Cancer Trial (IALT), кој вклучува 1.867 болни со стадиум I-IIIa NSCLC, кои се рандомизирани да бидат третирани само оперативно или оперативно следено со cisplantin-базирана хемотерапија. Ова IALT испитување е прва студија којашто дава значително подобро 5-годишно преживување за групата со хирургија и адјувантна хемотерапија.

Хемотераписки протоколи од прва линија

ЛЕК ДОЗА

Cisplatin 75 mg/m2 , 1-от ден

Etoposide 100 mg/m2 на ден, 3 дена

Вкупно 4 циклуси, на 21 ден

ЛЕК ДОЗА

Carboplatin (AUC 5-6) 1 ден

Etoposide 100 mg/m2 на ден, 3 дена

Вкупно 4 циклуси, на 21 ден

ЛЕК ДОЗА

Carboplatin (AUC 5-6) 1 ден

Paclitaxel 200 mg/m2 1-от ден

Вкупно 4 циклуси, на 21 ден

ЛЕК ДОЗА

Cisplatin 80 mg/m2 , 1-от ден

Vinorelbine 30 mg/m2 на ден, 1-от, 8-от и 15-от ден

Вкупно 4 циклуси, на 21 ден

ЛЕК ДОЗА

Cisplatin 30 mg/m2 на ден, 1-от и 8-от ден

Vinorelbine 30 mg/m2 на ден, 1-от и 8-от ден

Вкупно 6 циклуси, на 21 ден

ЛЕК ДОЗА

Cisplatin 75 mg/m2 , 1-от ден

Docetaxel 75 mg/m2 на ден, 1-от ден

Вкупно 4-6 циклуси, на 21 ден

ЛЕК ДОЗА

Carboplatin (AUC 5-6) 1 ден (првиот ден)

Docetaxel 75 mg/m2 на ден, 1 ден (првиот ден)

Вкупно 4-6 циклуси, на 21 ден

ЛЕК ДОЗА

Cisplatin 75 mg/m2 , 1-иот ден

Gemcitabin 125 0 mg/m2 на ден, 1-от и 8-от ден (вкупна доза по циклус = 25 00 mg/m2)

Вкупно 4-6 циклуси, на 21 ден

ЛЕК ДОЗА

Vinorelbine 30 mg/m2 на ден, 1-от и 8-от

Вкупно 4-6 циклуси, на 21 ден

Втора линија на хемотерапија

  • Кај погодни болни кај кои настанала прогресија на болеста, втора линија, монотерапија со доцетаксел (75 mg/mg2), може да го подобри преживувањето до прогресија, вкупното преживување и квалитетот на живот.
  • Во истата индикација се вклучува и пеметрексат кај селектирани болни. Пеметрексат е докажан како еквивалент на доцетаксел, но со помалку изразена токсичност.
  • Во најново време, тирозин киназа инхибиторот, ерлотиниб во доза од 150 mg орално на ден, се усвојува како втора линија на терапија.

ЛЕК ДОЗА

Docetaxel 75 mg/m2 (1 ден), на 3 недели;

Pemetrexate 500mg/m2 (1 ден), на 3 недели1;

Erlotinib 150 mg, секој ден, перорално.

Да се прекине терапијата по 4 недели ако не е утврдена клиничка корист кај пациентот. По започнувањето на терапијата, потребна е внимателна реевалуација на ефектот. Терапијата треба да се продолжи единствено ако продолжува регресијата на туморот, болеста е стабилна и има подобрување на симптомите во врска со канцерот. Не е коректно продолжување на терапијата со ерлотиниб заради “психолошка“ палијација кај пациенти со прогресивна болест.