• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми - Лист 2 Печати
Индекс на артикл
Терапија по стадиуми
Тераписки пристап кај пациенти со метастатска болест
Принципи на хемотерапија кај NSCLC
Принципи на радиотерапија кај NSCLC
Сите страници

Тераписки пристап кај пациенти со метастатска болест

  • Кај пациенти со метастатска болест се препорачува хемотерапија базирана врз платина во комбинација со гемцитабин, таксани или винорелбине. Со ваквата терапија се продолжува животот, се подобрува квалитетот на живот и се контролираат симптомите. Се препорачува кај болни со добар PS. Таа генерално не се препорачува кај болни со NSCLC, кои имаат PS 3 или 4. Кај болни со напреднат NSCLC, бројот на хемотераписки циклуси не треба да надминува четири.
  • Болни со изолирана поединечна мозочна промена имаат корист од хируршка ресекција (5-год. преживување од 10 до 20%). Треба да се примени и адјувантна радиотерапија на мозокот со цел да се намали ризикот од повторно јавување на туморот во мозок. Кај селектирани болни со добар PS и мали метастатски промени може да се примени стереотактична радиохирургија.
  • Кај пациенти со карцином на бели дробови и симптоматски метастази во коски, треба да се примени еднократна фракција 8 Gy како палијативна радиотерапија.
  • Кај селектирани пациенти со тумор којшто не може да се ресецира и/или мултипли метастази и добра општа состојба, треба да се размисли за фракционирана па- лијативна радиотерапија (пример 20Gy/5F).