• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми PDF Печати

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Oдредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведуавње на адекватна терапија кај секој пациент ооделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиум на болеста се одредува според критериумите на TNM класификацијата (tumor, nodus, metastasa) и AJCC стадиумското групирање.

TNM-класификација

T - примарен тумор

TX: примарниот тумор не е можно да се процени;

T0: нема присуство на примарен тумор;

T1: солитарен тумор без васкуларна инвазија,

T2: солитарен тумор со присутна васкуларна инвазија, или мултипни тумори, но ниеден поголем од 5 cm во својот најголем дијаметар,

T3: мултипни тумори поголеми од 5 cm, или туморот ги зафаќа главната гранка на порталната или хепатална вена(и),

T4: тумор(и) со директна инвазија на соседните органи (други освен жочното кесе) или со перфорација на висцералниот перитонеум.

N - нодален регионален статус

NX: регионалните лимфни јазли не можат да се испитаат;

N0: нема присуство на метастази во регионалните лимфни јазли;

N1: присутни метастази во регионалните лимфни јазли.

M - оддалечени метастази

Mx: дистантните метастази не можат да се испитаат;

Mo: нема дистантни метастази;

M1: присутни дистантни метастази.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

GX - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.

AJCC стадиумско групирање

Стадиум I

T1, N0, M0

Стадиум II

T2, N0, M0

Стадиум IIIA

T3, N0, M0

Стадиум IIIB

T4, N0, M0

Стадиум IIIC

било кое T, N1, M0

Стадиум IV

било кое T, било кое N, M1

 

За потребите на третманот, пациентите со примарен карцином на црниот дроб се групираат во една од трите групи:

  • локализирана ресектабилна (операбилна) болест
  • локализирана нересектабилна (неоперабилна) болест
  • метастатска болест

Овие групи се опишани со следниве AJCC стадиумски групирања:

Локализиран ресектабилен (операбилен) примарен тумор на црниот дроб

T1 и T2; N0; M0.

Локализираниот ресектабилен црнодробен карцином се карактеризира со присуство на солитарна маса во дел од црниот дроб, или со одреден број на туморски маси кои се ограничени на еден лобус, што овозможува комплетно хируршко отстранување на туморот со сигурносни маргини во здравото ткиво на црниот дроб. Функционалните тестови на црниот дроб се обично нормални или минимално пореметени При тоа не треба да има знаци за присуство на цироза или хроничен хепатит.

Само мал процент од пациентите со црнодробен карцином се класифицираат во оваа група. Предоперативната проценка користи компјутерска томографија и магнетна резонанца на абдоменот, со кои методи се одредува присуството на екстензијата на туморот надвор од лобусот, зафатеноста на хепаталниот хилус, или продирање во vena cava.

Радикална ресекција е онаа при која оперативниот раб е 1 cm во здраво, сметајќи од работ на туморот.

Локализиран и локално напреднат нересектабилен примарен тумор на црниот дроб

T1, T2, T3, и T4; N0; M0.

Локализираниот и локално напреднатиот нересектабилен тумор на црниот дроб е ограничен на црниот дроб, но хируршката ресекција на целиот тумор не е погодна поради локализацијата на туморот во црниот дроб или поради присуство на придружни состојби на црниот дроб (како што е цирозата).

Кај овие пациенти може да се земе во предвид трансплантација на црниот дроб.

За други пациенти, перкутаната апликација на етанол, радиофрекфенциската аблација или хемоемболизацијата може да бидат тераписки опции на избор.

Метастатски карцином на црниот дроб

било кое T, N1 or M1

Метастатскиот карцином во двата лобуса на црниот дроб метастазирал по крвен пат во оддалечените ткива и органи во телото.

Средното преживување е обично 2 до 4 месеци.

Најчести места на метастазирање на примарниот карцином на црниот дроб се белите дробови и коските.

Присутна е мултифокална болест во црниот дроб, посебно кога се присутни и цирозата или хроничниот хепатит.

Хемоемболизацијата се покажала корисна кај селектирани пациенти со екстрахепатални метастази