• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Превенција и скрининг кај карциномот на панкреасот PDF Печати

Бидејки не е позната причината за настанувањето на кациномот на панкреасот, како и сите можни фактори на ризик, не е можно да се спроведе адекватно спречување на болеста.

Сепак како превенција се наведува избегнување на оние фактори на ризик за кои се мисли дека го зголемуваат ризикот за настанување на овој малигном. На некои од тие фактори можеме да влијаеме и да ги контролираме. Тоа се, секако, на прво место пушењето и прекумерното консумирање на кафе.

На факторите на ризик како што се возраста и полот, не можеме да влијаеме.

Не постојат стандардни скрининг процедури за рано откривање на карциномот на панкреасот.

Ракот на панкреасот е многу тежок за окривање поради следново:

  • нема никакви збележителни знаци и симптоми во раната фаза на болеста,
  • знаците и симптомите, кога се манифестираат, личат на симптоми и знаци од многу други болести,
  • панкреасот е скриен зад органите во абдоменот и како таков е тешко достапен за иследување.