• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Причини и фактори на ризик за рак на панкреас PDF Печати

Ракот на панкреасот се јавува како последица на неконтролиран раст и делење на клетките на панкреасот. Тоа е болест во која малигните клетки се формираат во панкреасното ткиво.

Како и кај другите карциноми кај човекот, така и за карциномот на панкреасот не е позната причината за неговото јавување.

Безброј фактори на ризик се наведуваат како можни причинители, меѓутоа ниту еден од нив не е дефинитивно потврден како етиолошки агенс.

Сепак, како фактори на ризик се спомнуваат следниве:

Возраст

Почесто се јавува кај лица со понапредната возраст и ризикот од развој на ова малигно заболување се зголемува со возраста.

Така статистиките покажуваат дека во групата од 40 до 44 години инциденцата изнесува 2/100 000, за да во старосната група над 85 години дотигне вредност од 96.1/100 000.

Средна возраст на појава на карциномот на панкреасот е 69 години.

Пол

Карциномот на панкреасот се јавува почесто кај мажите отколку кај жените и тој однос е 2:1.

Пушење

Се смета дека пушењето е важен фактор на ризик за настанувањето на карциномот на панкреасот.

При тоа, се смета дека ризикот е пропорционален со бројот на испушените цигари, односно со времетраењето на пушењето. Ризик да заболат од карцином на панкреас имаат долгогодишните пушачи, кои пушат повеќе од 20 цигари дневно.

Пиење на кафе

Пиењето на кафе, исто така се смета за фактор на ризик за настанување на карциномот на панкреасот. При тоа, се смета дека ризикот е пропорционален со количината на испиеното кафе. Оние кои пијат1 до 2 шолјички кафе на ден, се со двојно поголем ризик, а при пиење на три шолјички кафе, ризикот е тројно повисок.

Ризикот е најголем кај пушачи кои пијат три или повеќе шолји кафе на ден.

Некои хемиски агенси

При лабораториски, експериментални студии е утврдено дека некои хемиски агенси, меѓу кои се бензидинот и нитрозуреата, причинуваат создавање на карцином на панкреасот кај испитуваните животни.

Овие сознанија, меѓутоа, не се потврддени при испитувањата на човечките попилации кои се изложени да дејството на овие и слични хемиски супстанции како што се тоа, на пример, индустриските работници во хемиската индустрија.

Одредени заболувања на панкреасот

Одредени заболувања на панкреасот, како што се хроничниот панкреатит и шеќерната болест може да се предиспонирачки фактори за развој на карциномот на панкреасот.

Исто така и некои фамилијарни состојби како: наследен панкреатит, мултипла ендокрина неоплазија тип 1 синдром, наследен неполипозен карцином на дебелото црево и некои други наследни ретки синдроми моѓе да бидат ризични фактори за настанување на карциномот на панкреасот.