• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третман на ракот на јајчникот - Имунотерапија и Терапија на рецидивите на болеста Печати
Индекс на артикл
Третман на ракот на јајчникот
Хируршки третман
Хемотерапија
Радиотерапија
Хормонската терапија кај епителните оваријални карциноми
Имунотерапија и Терапија на рецидивите на болеста
Сите страници

Имунотерапија

Кај ракот на јајчникот може да се применува и неспецифична имунотерапија, најчесто BCG, интерферон.

Терапија на рецидивите на болеста

Најголем проблем во лекувањето на ракот на јајчникот е лекувањето на рецидивот на болеста (повторното појавување на туморот).

Рецидивен оваријален карцином се дефинира како болест која се јавува најмалку 6 месеци после комплетната ремисија (целосно повлекување) на болеста по примарната терапија.

Хирургијата минимално може да помогне, ако болеста рецидивира во текот на 6 месеци од применетата примарна терапија. Главната зададача на хирургијата е да обезбеди намалување на симптомите и да го подобри квалитетот на животот. Опструкцијата на цревата е чест проблем кај жените со напреднат и рецидивантен рак на јајчникот.

Веројатноста од одговорот на втората линија на хемотерапија кај ракот на јајчникот е условена од првичниот одговор на хемотерапијата, како и од временскиот интервал до појавата на рецидивот. Колку е подолг слободниот интервал после терапијата, поголем е и процентот на одговор. Ова е утврдено за цисплатин базираните протоколи.

Според најновите клинички студии, таксолот е најактивниот лек кај пациентките чија болест прогредирала по првично спроведената цитостатска терапија со цисплатин.

Но, иако повеќе цитостатици се покажале како ефикасни во лекувањето на рецидивот на ракот на јајчникот, со ниеден, за жал, не се постигнува долготрајна ремисија (повлекување на болеста).

Во цитостатици кои се користат во третманот на рецидивот на болеста се вбројуваат: топотекан, гемцитабин, доксорубицин и вепезид.

Тие е најдобро да се комбиниаат со цисплатинот, доколку не постои резистентност на туморот спрема овој цитостатик. Доколку постои отпорност на цисплатинот, цитостатик на избор е таксолот.

Поновите истражувања во лекувањето на ракот на јајчникот, покрај конвенционалните протоколи, користат и нови лекови како што се: лековите – инхибитори на ангиогенезата, моноклоналните антитела и хормоните.