• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третман на ракот на јајчникот - Хормонската терапија кај епителните оваријални карциноми Печати
Индекс на артикл
Третман на ракот на јајчникот
Хируршки третман
Хемотерапија
Радиотерапија
Хормонската терапија кај епителните оваријални карциноми
Имунотерапија и Терапија на рецидивите на болеста
Сите страници

Хормонската терапија кај епителните оваријални карциноми

Хормонската терапија кај ракот на јајчникот не даде задоволиелни резултати. Затоа хормонската терапија не претставува алтернатива на хемотерапијата и може да се даде само како додатна терапија.

Иако, епидемиолошките студии, експерименталните студии на животните и студиите за рецепторите покажале дека не само нормалните клетки на јајчникот, туку и канцерските клетки се еднокрино поврзани и хормонски зависи, сепак улогата на хормонската терапија во третманот на пациентките со рак на јајчник останува неразјаснета.

Многуте клинички студии за испитување на ефектот на хормонската терапија кај ракот на јајчникот биле ретроспективни, вклучувале само ограничен број на пациентки и имале недостиг од важни информации за карактеристиките на туморот. Разни хормонски препарати, со различни степени на јачина и во различни дози биле вклучени во овие студии. Резултатите од овие броји студии покажале дека одговорот на хормонската терапија е скромен и изнесува околу 8%, но скоро без никакви несакани ефекти. Исто така, и потоксичните тераписки агенси не дале подобар одговор.

За да се открие улогата на хормонската терапија во третманското водење на пациентките со епителијален рак на јајчникот потребна е понатамошна евалуација и добро дизајнирани рандомизирани клинички студии.