• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третман на ракот на јајчникот - Хемотерапија Печати
Индекс на артикл
Третман на ракот на јајчникот
Хируршки третман
Хемотерапија
Радиотерапија
Хормонската терапија кај епителните оваријални карциноми
Имунотерапија и Терапија на рецидивите на болеста
Сите страници

Хемотерапија

Епителниот карцином на јајчникот, кој опфаќа повеќе од 90% од сите карциноми на јајчникот, е хемосензитивен тумор со одговор од 80% на применетата терапија, дадена по циторедуктивната хирургија. Но, и покрај високиот процент на одговор на иницијалната хемотерапија, голем број на пациентки со напреднат стадиум на болеста (стадиум III и IV) имата лошо преживување. Причината за тоа е, најверојатно, брзото враќање на болеста како и отпорноста на туморот према цитостатиците.

Во средината на минатиот век започнато е лекување на ракот на јајчникот со алкирирачки агенси, но со воведувањето на цитостатикот цисплатин и неговиот дериват – карбоплатин, во почетокот на седумдесетите години на минатиот век, остварени со значително подобри резултати.

Со откривањето на таксаните, посебно на паклитакселот и со неговото воведување во хемотераписките протоколи, дошло до продожување на преживувањето на пациентките со напреднат стадиум на рак на јајчник.

Резултатите на бројните клинички студии покажале поголема тераписка ефиксност на комбинацијата цисплатин – паклитаксен, во однос на претходно применуваниот протокол со цисплатин и циклофосфамид за пациентите со напреднат стадиум на рак на јајчник. Најновите истражувања сепак покажале скоро еднаква ефикасност на монотерапијата со цисплатил или со карбоплатин како и онаа која ја даваат полихемотераписките протоколи.

И после 25 години на истражување, сепак цисплатинот останува најважен цитостатик во лекувањето на ракот на јајчникот.

Дериватот на цисплатинот, карбоплатин, покажал иста ефикасност како и цисплатинот, но имал помала нефротоксичност (токсичност за бубрезите), па затоа, тој почесто се користи во хемотераписките протоколи.

Од новите цитостатици, таксаните, а посебно паклитакселот се покажале како најефикасни. Денес е „златен стандард“ во хемотерапискиот третман на ракот на јајчникот комбинацијата на карбоплатин и паклитаксел, која се дава на секои 3 недели и тоа 4 до 6 циклуси.

Шемата која се препорачува е:

  • Taxol 175 mg/m2 и
  • Carboplatin 300-400 mg/m2.

Шемата се повторува на секој 21 ден, 4 до 6 циклуси во зависност од стадиумот на болеста.

Хемотерапијата понекогаш може да се дава и пред хируршкиот третман (т.н. неоадјувантна хемотерапија) или пак, кога не е можно да се изведе оперативен третман.

Целта на неоадјувантната хемотерапија е да го намали туморот и да го олесни оперативниот зафат, доколку тој може да се изведе.

Ако ракот на јајчникот метастази во црниот дроб, или надвор од абдоменот, можно е тој да неможе да се отстрани хируршки па, во тој случај, хемотерапијата е терапија на избор.

Хемотерапијата, исто така, се користи и во третманот на рецидивите на ракот на јајчникот.

Ефикасноста на интраперитонеалната хемотерапија (внесување на цитостатик во абдоминалната шуплина), и после 50 годишно истражување, е сеуште со поделени мислења.

Некои истражувања на интраперитонеалната хемотерапија со цисплатин покажале подобро преживување кај пациентките во споредба со она кое се постигнало со стандардните протоколи, но со значително поголем број на компликации и поголема токсичност. Затоа, овој третман и понатаму се спроведува во склоп на строго контролирани клинички студии и не е стандарден третман за ракот на јајчникот.

Краткотрајното продолжување на периодот до прогресија на болеста (DFI - Disease Free Interval) без продолжување на севкупното преживување не е доволна причина која би ја оправдала поголемата токсичност на интраперитонеалната цитостатска терапија.