• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третман на ракот на јајчникот - Хируршки третман Печати
Индекс на артикл
Третман на ракот на јајчникот
Хируршки третман
Хемотерапија
Радиотерапија
Хормонската терапија кај епителните оваријални карциноми
Имунотерапија и Терапија на рецидивите на болеста
Сите страници

Хируршки третман

И покрај напорите да се унапредат методите за раното откривање на ракот на јајчникот, во повеќето случаи тој се открива во напреднатите стадиуми, кога туморот е проширен надвор од карлицата. Тоа посебно се однесува за сериозниот карцином на јајчникот.

Лекувањето на сериозниот карцином на јајчникот започнува со хируршки третман, по кој следи хемотерапијата.

Американскиот гинеколог Dr. Griffits прв утврдил дека прогнозата на пациентката зависи од големината на заостанатиот тумор по извршениот оперативен третман. Теоретската основа за своите тврдења ја темелел на претпоставките дека:

  • хируршката редукција на туморската маса ја подобрува општата состојба на пациентката,
  • овозможува метаболно опоравување,
  • го намалува катаболичкиот ефект на туморот,
  • ја подобрува прокрвеноста на заостанатата туморска маса,
  • ја намалува пропорцијата на туморот во G0 фазата на клеточниот циклус,
  • го стимулира имунолошкиот одговор на пациентката,
  • го намалува бројот на хеморезистентни клонови.

Dr. Griffits прв квантитативно ги обработил и прикажал резултатите на преживување на 102 пациентки со стадиум I и II на рак на јајчник.

Како гранична големина на заостанатиот тумор ја одредеил големината од 1,45 cm. Оптималната редуција го продолжила преживувањето на 39 месеци, во однос на останатите пациентки со просечно преживување од само 12 месеци.

Денес циторедукцијата на туморот е единствен прогностички фактор на кој може да се влијае со цел да се продолжи животот на пациентките со рак на јајчник.

Успешноста на циторедукционата хирургија е одредена со големината на зостанатиот тумор. Не е усогласен ставот за оптималната големина на заостанатиот тумор. Во повеќето студии како оптимална циторедукција се наведува кога постои заостанат тумор до големина од 2 cm, додека пак најновата студија на Gynecology Oncology Group (GOG) оптималната циторедукција ја дефинира како заостанат тумор помал до 1 cm.

Успешноста на хирургот во лекувањето на ракот на јајчникот со радикална хируршка постапка е 51,6% на 2362 оперирани пациентки од инвазивен рак на јајчник, кои се во клиничко-патолошки стадиум III и IV на болеста.

Во споменативе мета-анализи преживувањето на пациентките со оптимална редукција на туморот иснесува 39 месеци во споредба со субоптималната редукција на туморот, каде преживувањето е 17 месеци.

Опсежноста на оперативниот зафат ја одредуваат:

  • прооширеноста на туморот и
  • стручноста на хируршкиот тим.

За правилно хируршко-патолошко одредување на стадиумот на болеста кај пациентите со рак на јајчник, потребно е придржување кон хируршкиот протокол:

  • експлоративна лапаратомија преку верикален рез за да се овозможи проценка на состојбата во горниот абдомен,
  • задолжително е перитонеално испирање и земање на асцитна течност за цитолошка анализа, земање на испирок од абдоминалната шуплина и интраоперативна цитолошка анализа од типичните места (мала карлица, просторот околу дебелото црево, и просторот под дијафрагма),
  • внимателен комплетен и систематски преглед на целата абдоминална шуплина од дијафрагмата, па до подот на карлицата и земање на биопсија од сите сомнителни регии,
  • земање на примерок од перитонеум (абдоминалната обвивка) и тоа, како од сомнителните места, така и на слепо (најмалку 15-20 примероци) и/или лупење на перитонеумот,
  • целосна (супраколична) ресекција на абдоминалната обвивка,
  • апендектомија (отстранување на слепото црево),
  • одстранување на фиброзните (ожиљкасти) прирастоци,
  • карлична и парааортална лимфаденектомија (опертивно отстранување на лимфни јазли),
  • хистеректомија и аднексектомија (отстранување на целата матка со јајчниците) и чистење (луштење) на карличниот перитонеум.

Покрај стандарниот хируршка постапка, во некои случаи се препорачува да се спроведе радикален хируршки зафат (целосно луштење на карличниот перитонеум во отстранување - ресекција на ректовагиналниот септум) и супрарадикален пристап кој вклучува рецекција на цревата, отстранување на слезенката (спленектомија), луштење на перитонеумот на абдоминалниот sид, стрипинг на дијафрагмата и друго.

Целта на хирургијата е оптимална циторедукција од 1 до 2 см, а со цел да се постигне оптимален одговор на адјувантната (дополнителна, постоперативна) хемотерапија.