• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми кај епителијален карцином на јајникот Печати

Одредувањето на типот на хируршката интервенција и постоперативната хемотерапија зависи од стадиумот и останатите клиничко-патолошки прогностички фактори.

Ран стадиум, ФИГО I и IIa

  • Хирургијата треба да се состои од тотална абдоминална хистеректомија со обострана аднексектомија и оментектомија, со внимателна експлорација на долната страна од дијафрагмата, биопсирање на карличниот и абдоминалниот перитонеум и лимфните јазли и земање испироци за цитолошка анализа. Кај млади пациентки со локализиран унилатерален тумор (стадиум I) и поволна хистологија, а кои сакаат да ја сочуваат фертилноста, само унилатерална салпинго-офоректомија може да не е асоцирана со висок ризик од рекуренца. Во тие случаи, ако контралатералниот овариум е суспектен на инспекција, треба да се направи клинеста биопсија. Тумори со стадиум I според ФИГО, придружени со густи адхезии, треба да се префрлат и третираат како II стадиум бидејќи процентот на релапс е сличен.
  • Стадиум Ia/b според ФИГО, добро диференциран, non-clear cell: само хирургија е доволна.
  • Кај лошо диференцираните тумори (Ia и Ib стадиум), адхерентни, clear-cell или оние од стадиум 1c и IIa, се препорачува оптимална хируршка интервенција и стејџинг и адјувантна хемотерапија.
  • Препорачаниот стандард за пациенти со епителијален оваријален карцином со стадиум I-IIa, кај кои е индицирана хемотерапија, треба да содржи најмалку карбоплатин AUC 5-7.

Напреднати стадиуми IIb - IIIc

  • Оперативниот зафат вклучува тотална абдоминална хистеректомија со обострана аднексектомија и оментектомија, со биопсии како претходно опишаните. Оправдан е максимален напор за комплетна циторедукција, без резидуална болест.
  • Препорачаната стандардна хемотерапија за напреднат оваријален карцином (стадиуми IIb-IIIc) е карбоплатин AUC 5-7.5 плус паклитаксел 175 mg/m2/3 часа на секои три недели, 6 циклуси.
  • Кај пациентки кај кои иницијално не била направена максимална циторедукција, а кои респондираат на хемотерапија или покажуваат стабилна болест, треба да се земе во обѕир “interval debulking surgery” како што следува: 3 циклуси хемотерапија, повторен зафат заради максимална циторедукција и повторување на уште 3 циклуси хемотерапија.
  • Не постојат докази за подобрено преживување со “second look” зафати, во ситуација на комплетна ремисија по завршување на сите 6 циклуси хемотерапија. Такви зафати треба да се преземат само во рамки на клинички студии. Исто така, улогата на секундарна тумор-редукција за време на second look зафати не е јасна.

Стадиум IV

  • Кај пациентки со стадиум IV, максималната хируршка циторедукција може да влијае врз преживувањето, иако не постојат рандомизирани студии по ова прашање.
  • Млади пациентки во добра општа остојба, со плеврална ефузија како единствен знак на болест надвор од абдоменот, метастази со мал волумен и без нарушување на функцијата на виталните органи, се кандидатки за оперативен третман.
  • Во ситуација каде што оперативниот зафат не е можен, препорачана е потврда на дијагнозата со биопсија и хемотерапија – како за ФИГО стадиумите IIb-IIIc.

Евалуација на одговорот

  • CA 125 -нивоата можат прецизно да корелираат со одговорот и со преживувањето за време на хемотерапијата. Пред секој циклус на хемотерапија, треба да се одреди серумски CA 125.
  • За пациентки со абнормален КТ-скен на почетокот, тој треба да се повтори по 6-иот циклус на хемотерапија, освен ако не постојат докази за нереспондирачка болест (пр. CA 125 не паѓа), кога тој треба да се направи порано. Пациентки со нормален КТ-скен на почетокот немаат потреба од понатамошни КТ-скенови, освен ако не постојат клинички или биохемиски докази за прогресија на болеста. КТ-скен по три циклуси хемотерапија може да се направи кај пациентки коишто се негативни на CA 125 или кај кои се планира interval debulking surgery.
  • Досегашните податоци не одат во прилог на препорачување на одржувачки/консолидациски третман повеќе од 6 циклуси. Сепак, пациентки со парцијален одговор или елевиран CA 125 , по 6 циклуси хемотерапија и со континуирани докази за одговор (CA 125 ), можат да се земат предвид за уште три циклуси на истата хемотерапија.