• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Следење по третман PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:42

Следење на болните со карцином на грлото на матката

Пациентките треба да доаѓаат на редовни контроли, по завршувањето на иницијалниот третман. Така пациентките се контролираат на секои три месеци во текот на првата година, на секои четири месеци во текот на втората година, и на шест месеци во третата година и во зависност од симптоматологијата.

Рутински прегледи се: клинички преглед, земање на цитологија од грлото на матката и вагината (Пап тест), Папаниколау тест.

Се прегледува комплетна крвна слика, со електролитен статус, со испитување на нивото на уреа и креатинин и хепаталните трансаминази во крвта.

Ехотомографски преглед на абдоменот, КТ на абдоменот и малата карлица се прават на 6-12 месеци во текот на првите 3 до 5 години по завршувањето на иницијалниот третман.