• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми кај карцином на грлото на матката Печати

Стандардни третмански опции

Локализирана болест

Стадиум Ia

  • Стандарден третман е хистеректомија за пациентки што го завршиле фертилниот период.
  • За пациентки што не го имаат завршено фертилниот период, рационален пристап е и опсервацијата, по конизација во здраво со инвазија помалку од 3 mm и ако лимфатичните и крвните садови не се зафатени.
  • Кај пациентки со инвазија помеѓу 3-5 mm се препорачува радикална хистеректомија, поради ризик од зафатеност на лимфните јазли од 10%.
  • Кај пациентки непогодни за операција (коморбидитет), опција е интракавитарна радијација со или без карлична ирадијација.

Стадиуми Ib и IIa

  • Радикален оперативен зафат или дефинитивна пелвична радиотерапија (комбинација на екстерна и брахитерапија) кај локализиран, ран цервикален карцином, со дијаметар под 4 см, имаат идентични проценти на 5-годишно вкупно преживување и без болест. Изборот зависи од фактори од страна на пациентот или лoкалната експертиза.
  • Постоперативната карлична радиотерапија (во опсег од 5000 cGy, за време од 5 недели), комбинирана со хемотерапија (cisplantin или cisplantin/5FU), го зголемува преживувањето на пациентките со позитивни ресекциски рабови и параметриуми, како и со зафатени карлични лимфни јазли.

Стадиуми IIb до IVa

  • Стандарден третман за локално напреднатите неоперабилни цервикални карциноми, со дијаметар над 4 см, е дефинитивната радиотерапија со конкомитантна хеморадијација.
  • Не постојат директни споредби помеѓу различни режими базирани врз cisplantin. Според прегледот на достапните податоци за токсичност од рандомизирани контролирани студии, веројатно треба да се дава неделно (40 mg/m2 ).

Метастатска и рецидивантна болест

Стадиум IVb:

Не постои стандарден режим на хемотерапија за метастатски цервикален карцином, кој би обезбедил значајна палијација, така што е пожелно сите пациентки да бидат вклучени во студии.

Радиотерапијата е резервирана за палијација на централната болест или дистантните метастази.

Тестирани цитостатици се:

  • Cisplatin (15%-25 % стапка на одговор).
  • Ifosfamide (31% стапка на одговор).
  • Paclitaxel (17% стапка на одговор).
  • Ifosfamide-cisplatin.
  • Irinotecan (21% стапка на одговор кај пациенти претходно третирани со хемотерапија)
  • Paclitaxel/cisplatin (46% стапка на одговор).
  • Cisplatin/gemcitabine (41% стапка на одговор).

Рецидивантен цервикален карцином

  • Не постои стандарден третман за пациентки со рецидивантен цервикален карцином. Во селектирани случаи, егзентерацијата на карлицата е третман на избор, додека во поголем број случаи третманот подразбира комбинација на реирадијација со хемотерапија, со некој од агенсите наведени во третманот на метастатска болест.