• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми PDF Печати

Патологија и патохистолошки типови

Патохистолошки, повеќе од 90% од туморите на грлото на матката се планоцелуларни карциноми (карциноми на плочестиот епител на грлото на матката).

Во оваа група спаѓаат:

  • кератинизирачки тип,
  • некератинизирачки тип со мали клетки,
  • некератинизирачки тип со големи клетки.

Околу 5-8% од сите цервикални карциноми се аденокарциноми.

Овој хистолошки тип има полоша прогноза од планоцелуларниот, побрзо локално се шири и брзо дава далечни метастази.

Околу 2-3% од сите тумори на грлото на матката се мешани аденосквамозни и тоа: микроепидермоиден недиференциран карциноид и малигниот меланом.

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секоја пациентка одделно. Според тоа, стадиумот на болеста има тераписки и прогностички цели.

Клиничкиот стадиумот на болеста се одредува според критериумите на FIGO митингот (1988год).

Стадиум 0: carcinoma in situ (интраепителијален карцином)

Стадиум I: тумор ограничен на грлото на матката;

Стадиум Ia: микроинвазивен карцином (почетна инвазија на стромата),

Стадиум Ib:инвазивен карцином ограничен на грлото на матката;

Стадиум II:туморот се шири надвор од грлото на матката, меѓутоа до sидот на карлицата, се шири кон вагината, но не ја зафаќа нејзината долна третина;

Стадиум IIa: туморот освен грлото на матката, ја зафаќа и горната третина на вагината, но не се зафатени параметриумите;

Стадиум IIb: туморот покрај грлото на матката ги зафаќа и параметриумите;

Стадиум III: туморот ги инфилтрира едната или двете параметри, инфилтратот се шири кон карличниот sид, туморот ја зафаќа долната третина на вагината, сите случаи на хидронефроза или афункција на бубегот;

Стадиум IIIa: туморот ја инфилтрира долната третина на вагината;

Стадиум IIIb: туморот ги инфилтрира едната или двете параметри до sидот на карличната коска или постои хидронефроза или афункција на бубегот;

Стадиум IV: туморот се шири надвор од карлицата, ја зафаќа слузницата на мочниот меур или на задното црево (ректум);

Стадиум IVa: туморот туморот ги инфилтрира околните органи (мочен меури/или задно црево);

Стадиум IVb: присутни далечни метастази;

Познавањето на проширеноста на туморот е основа за одредување на прогнозата и за планирање на терапијата кај карциномот на грлото на матката.

Познато е дека постои несогласност помеѓу клиничкиот FIGO стадиум и постоперативниот стадиум (оперативен стејџинг).

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;