• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми Печати

Патологија

Хистолошки, од малигните тумори на телото на матката, 90% се карциноми, а останатите 10% се саркоми.

Најголем процент од карциномите се типични ендометријални аденокарциноми, а остатокот го чинат папиларно-серозните карциноми, јасно-клеточните карциноми, ендометроидните и муцинозните карциноми.

Прогностички фактори

Прогностичките фактори може да се поделат на :

  • утерини, каде спаѓаат градусот на туморот (G1-3), инфилтрацијата во длабичина на миометриумот, инфилтрацијата на цервиксот на матката,
  • екстраутерини (надвор од матката), како што е постоење на метастази во јајниците, метастази во карличните или парааорталните лимфни јазли, присутна позитивна перитонеална цитологија (при метастази во перитонеумот) или јасни (клинички) перитонеални метастази, и конечно, присутво на далечни метастази.

Според тоа, како прогностички фактори кај карциномот на телото на матката се наведуваат следниве:

  • Стадиум на болеста
    Стадиумот на болеста е важен прогностички фактор. Колку што е стадиумот понапреднат, толку е и прогнозата на болеста полоша и помало е севкупното преживување.
  • Хистолошки тип на туморот
    Према хистолошката слика , пациентите со аденокарцином или аденосквамозен карцином имаат подобрa прогноза, отколку оние со папиларен карцином или карцином на светлите клетки (clear cell).
  • Степен на диференцираност на туморот
    Степенот на диференцираноста на туморот (градус G) е многу важен прогностички фактор. Офд овој прогностички фактор зависи во голема мерка и која терапија ќе биде применета, бидејќи колку е положо диференциран туморот (пример G3) толку и тераапијата требаа да биде поагресивна. Утврдено е дека честотата на метастазите во регионалните лимфни јазли е поголема колку што е туморот понедиференциран, без оглед на стадиумот на болеста. Често тоа е и причина за појава на релапс на болеста.
  • Степен на инфилтрација (зафатеност) на миометриумот
    Скоро иста прогностичка вредност како и степенот на диференцираноста на туморот (G) има и степенот на инфилтрираноста на миометриумот.
    Доколку миометриумот не е инфилтриран (Стадиум IА), метастазите во лимфните јазли се ретки.
    Колку е продорот на туморот во миометриумот подлабок, толку и метастатското ширење во лимфните јазли е почесто, па со тоа и севкупното преживување е пократко.
  • Наод на малигни клетки при операцијата во испирокот од абдоминалната шуплина
    Ова е исто важен прогностички фактор.
    Позитивната перитонеална цитологија (наод на малигни клетки во испирокот) е во корелација со длабината на инфилтрацијата во миометриумот.
    Во случаите кога е позитивен перитонеалниот испирок, веројатноста од рецидив е многу поголема, отколку во случаите со негативна перитонеална цитологија (непостоење на малигни клетки во испирокот).
  • Метастази во лимфните јазли
    Присуството на метастази во линфните јализи е лош прогносточки знак, посебно доколку се зафатени парааорталните лимфни јазли, ои се во директна корелација со преживувањето.
  • Возраст
    Важен прогностички фактор е и возраста. Колку е постара пациентката, толку се поголеми шанските за постоење на напреднат стадиум на болеста и пократко севкупно преживување.

Сите овие набројани прогностички фактори се од многу големо значење за одредување на адекватна терапија кај секоја пациентка одделно.

Стадиум на болеста по FIGO

Стадиумот на болеста се одредува со хистопатолошка анализа на оперативниот материјал, по реализираната тотална хистеректомија , а споед критериумите на FIGO митингот (1088год). Така се добиваат информации важни за планирањето на постоперативниот третман, зависно од факторите на ризик и од прогностичките фактори.

Само кај иноперабилните пациентки, стадиумот на болеста се одредува клиички со фракционирана експлоративна киретажа, со бимануелен карличен преглед под анестезија, со кој се одредува големината на шуплината на матката, инфилтратите во параметриумите, како и врз база на другите дијагностички процедури ( КТ на абодмен, МРИ на абдомен и други).

Неопходно е да се нагласи дека ваквиот стејџинг е несигурен и да ниту една од дијагностичките, имизинг методи не може да ги замени информациите добиени со оперативната екплорација т.е. патолошкиот стејџинг.

Стадиум I

Стадиум I ендометријалниот карцином е ограничен на телото на матката,

Стадиум IA: туморот е ограничен само на ендометриумот,

Стадиум IB: туморот зафаќа помалку од една половина од миометриумот,

Стадиум IC: туморот зафаќа повеќе од една половина од миометриумот.

Стадиум II

Стадиум II: ендометријалниот карцином го зафаќа телото и грлото на матката, но не се проширил надвор од органот (матката),

Стадиум IIA: туморот ги зафаќа едноцервикачните жлезди,

Стадиум IIB: туморот ја зафаќа и цервикалната строма.

Стадиум III

Стадиум III: еднометријалниот карцином се шири надвор од матката, но е ограничен во карлицата,

Стадиум IIIA: туморот ја зафаќа серозатаи/или јајниците/или е присутна позтивна перитонеална цитологија,

Стадиум IIIB: присутни вагинални метастази,

Стадиум IIIC: присутни метастази во карлицата и.или метастази во парааорталните лимфни јазли.

Стадиум IV

Стадиум IV: ендометријалниот карцином ги зафаќа околните органи како мочниот меур или слузницата на цревата или метастазирал во оддалечените органи,

Стадиум IVA: туморот го зафатил мочниот меури и/или мукозата на цревото,

Стадиум IVB: присутни далечни метастази, вклучувајќи ги и интаабдоминалните и /или ингвиналните лимфни јазли.

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус) - важен прогностички фактор

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;