• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Причини и ризик фактори Печати

Тумори на телото на матката (ендометријални тумори)

Малигните тумори на женските генитални органи учествуваат со околу 25% од сите малигни тумори на жената. Од нив, на прво место по честота на јавување е карциномот на грлото на матката, на второ место се малигните тумори на јајникот, а на трето место е карциномот на телото на матката.

Според тоа карциномот на телото на матката е поредок тумор од карциномот на грлото на матката, иако инциденцата варира во различни географски региони. Така, во Европа и во Северна Америка инциденцата е 15-20 нови случаи на 100 000 жени, додека во Јапонија инциденцата е многу ниска и изнесува 1 нов случај на 100 000 жени.

Забележено е дека инциденцијата кај имигрантите се израмнува со околината во која се доселени.

За разлика од карциномот на грлото на матката, кој е во благо опаѓање, инциденцата на карциномот на телото на матката е во пораст, посебно во развиените земји.

Фактори, за кои се смета дека влијаат на зголемената инциденца на карциномот на матката, се:

  • Зголемен животен век на жената
    Туморот се јавува во понапредната возраст во однос на карциномот на грлото на матката, т.е. пикот (врвот) на инциденцата е од 50 до 70 годишна возраст, со тоа што во 75% од случлаите на карцином на телото на матката сер јавуваат кај постменопаузални пациентки (по менопауза). Според тоа, со зголемнувањето на животниот век на жената се зголемува и бројот на заболени од овој малигном.
  • Подобра медицинска дијагностика како и поголемата здравствена просветеност на женaта
    Современтите дијагностички процедури овозможиле откривање на поголем број на жени со ендометријален карцином. Исто така, поголемата здравствена просветеност на жената довела да правење на редовни контролни гинеколошки прегледи, при кои се открива голем број на нови случаи на овој малигном.
  • Подобрување на социо-економските услови на животот
    Со подобрувањето на животниот стандарт, а со тоа и појавата на современите метаболни заболувања кои одат со него, довеле до зголемување на бројот на заболени од карцином на телото на матката.
    Имено, жените во развиените земји почесто патат од гојазност, поради неадекватна исхрана и внесување на повеќе масти во храната, од висок крвен притисок и шеќерна болест, кои се важни фактори на ризик за развој на ендометријалниот карцином.
  • Примање на естрогени хормони во постменопаузалниот период.

Причини и фактори на ризик за настанување на тумор на телото на матката (ендометријален карцином)

Како и за другите карциноми, така и за карциномот на телото на матката, причините за негово јавување не се познати. Но, постојат одредени фактори на ризик, кои ја зголемуваат можноста за појава на ова малигно заболување кај одредени лица.

Сепак, присуството на еден или повеќе фактори на ризик, не значи и сигурно заболување од овој малигном.

Како докажани фактори на ризик за карциномот на телото на матката се:

Возраст

Староста е еден од факторите на ризик за карциномот на телото на матката. Колку што е жената во понапредната возраст, толку е поголем и ризикот за настанување на ова малигно заболување. Пикот на инциденцата на ендометријалниот карцином е од 50 до 70 годишна возраст. Така жените над 70 годишна возраст имаат 2 пати поголем ризик да заболат од овој малигном.

75% од случаите со ендометријален карцином се јавуваат кај постменопаузалните жени.

Ендокрини фактори на ризик: естрогена активност

Откриени се многу фактори на ризик за развивање на ендомеријалниот карцином и многу од нив се во врска со нивото на естрогенот (женскиот полов хормон).

Така, абнормалното делење и малигната трансформација на клетките на ендометриумот се поврзува со хроничната естрогена стимулација, па затоа, сега се смета аденоматозната хиперплазија на ендометриумот како премалигна состојба, која во околу 30% од случаите прогредира во ендометријален карцином.

Употребата на естрогени кај постменопаузалните жени било докажано дека го зголемува ризикот за карцином на телото на матката. Бројни студии го потврдиле тоа и ја демонстрирале директнта поврзаност на овој малигном со дозата на естрогенот која била примена.

Оралните контрацептивни сретства, кои се примале во подолг временски период, исто така се спомнуваат како фактори на ризик за настанување на ендометријалниот карцином.

Фактор на ризик е долготрајната активност на јаниците, а тоа значи рана менарха (прва менструација) и касна менопауза, по 52 годишна возраст. Менопауза после 52 годична возраст го зголемува ризикот за фактор од 2.4. Ова се должи токму на долготрајната естрогена стиммулација.

Ризична група за настануавње на ендоментријалнито карцином се и жени кои не раѓале (нероткињи).

Жени кои имаат ендометријален карцином почесто заболуваат и од други малигноми како што се: карциномот на дојката, карцином на јајникот и карцином на дебелото црево.

Генетски фактори и позитивна фамилијарна анамнеза

Насленоста е важен фактор на ризик. Ова заболување почесто се јавува кај жени со позитивна фамилијарна историја за карцином на телото на матката.

Жените со позитивна фамилијарна анамнеза, односно, кај кои некој од женските членови од семејството боледува од карцином на матката, имаат поголем ризик за појава на карцином. Ризикот е поголем доколку од оваа болест е заболен роднина од прв степен (мајка, сестра).

Исто така, можна е поврзаност со карциномот на дојката, јајникот и задното црево присутни во фамилијата.

Stein-Leventhal синдромот е присутен во сигнификантен процент на пациентки кои развиваат едндометријални малигноми пред возраст од 40 години. Според тоа, овој синдром претставува фактор на ризик за развој на ендометријалниот карцином, и тоа кај пациентки во помлада возраст.

Гојазност (obesitas) и зголемен крвен притисок (хипертензија)

Гојазноста и зголемениот крвен притисок се исто така предиспонирачки фактори кои можат да доведат до развој на ендометријален карцином.

Увидено е дека ризикот се зголемува колку што е поголема телесната тежина кај жената од нејзината нормална тежина, според нејзината возраст и висина.

Хипертензијата била присутна во 25% до 70% од пациенките, но таа не е сигнификантен фактор на ризик доколку не е продружена со гојазноста или со други фактори на ризик.

Посебно е висок ризикот кога се здружени гојазноста со хипертензијата.

Шеќерна болест (diabetes mellitus)

Шеќерната болест исто така се поврзува со настануавњето на карциномот на матката. Се смета дека пациентки кои боледуваат од шеќерна болест имаат два пати поголем ризик да заболат од овој малигном во споедба со останатата попилација.

Така во некои серии, оваа болест е најдена кај 10 - 20% од пациентките со карцином на матката.

Претходно јонизирачко зрачење во пределот на мала карлица

Жените кај кои била спроведена радиотерапија во пределот на малата карлица имаат поголем ризик за развој на т.н. радијациско индуцирани тумори. Најчести се саркомите на матката.

Тамоксифен

Тамоксифенот се користи во третманот на карциномот на дојката. Неговата долга употреба го зголемува ризикот за развој на ендометријален карцином.

Жените со карцином на дојка кои биле лекувани со тамоксифен имаат зголемен ризик за развивање на секундарен (втор) амлигном, посено ендометријален и карцином на органите на системот за варење.