• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Повик за донација за да опстане порталот www.rak.mk Печати

Во моментов порталот www.rak.mk се соочувува со финансиски проблеми, поради што веќе неколку месеци не сме во состојба да продолжиме со нашата работа. Зад порталот не стои јавен или таен финансиер. Редакцијата е составена од тим на ентузијасти, кои волонтерски го посветуваат своето време, знаење и енергија за да овозможат публикација на бројните информации од областа на медицината и здравиот начин на живот.

Ве молиме да донирате финансиски средства за да можеме да продолжиме со нашата работа, во износ кој сами ќе го изберете. Донацијата може да ја направи било кое физичко и правно лице (од ваше лично име или пак од организацијата или компанијата во која сте вклучени).

Средствата може да ги уплатите на следната сметка:

Здружение на граѓани - Центар за здрав живот „САМОСВЕСТ“

Жиро сметка: 300000002997045

Донирањето на финансиски средства ни се потребни за работа на порталот и негов развој, кои ќе бидат искористени за инфраструктурата на која порталот е базиран, а која бара постојан прилив на пари и од време на време и дополнителни трошоци. Ние сме многу задоволни од фактот што од ден на ден имаме се поголем број на посетители. Но, од друга страна поголемата посетеност бара и дополнителни инвестиции.

Сигурни сме дека ќе имате разбирање и ќе ни излезете во пресрет со издвојување на донација во износ кој сметате дека за вас е соодветен. Редакцијата на www.rak.mk ќе се потруди да ги оправда вложените средства подобрувајќи ја својата работа и содржина.

Ви благодариме.