• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Рибиното масло помага бројни функции на организмот и го зајакнува имунитетот

Сигурно се сеќавате дека кога бевме деца, нашите мајки на даваа лажица рибино масло, кое навистина не беше вкусно, дури и за некои и одвратно. Подоцна рибиното масло се даваше во капсули, па така не го чуствувавме тој непријатен и тежок мирис и вкус на рибиното масло. Рибиното масло обично го пиевме во зимскиот период заради јакнење на нашиот имунитет. Тоа беше релативно пред многу години, кога храната уште не беше сама по себе толку неквалитетна за да мораме да земаме суплементи, но ова рибино масло редовно беше на детското мени со ручекот. Не е ни чудно што се нарекува најстар суплемент во исхраната во светот.

Многу истражувања покажаа дека рибиното масло не штити од високиот „лош“ холестерол и го подига оној „добриот“ холестерол. Рибиното масло ги штити и срцето и крвните садови и со тоа го намалува ризикот од срцев инфаркт и мозочен удар.

Докажано е дека меѓу преживеаните после претрпен срцев инфаркт, секојдневното земање на рибино масло во тек на 3.5 години, го намалил ризикот од смртност дури за 50%. Затоа не е необично што Ескимите кои секојдневно консумирааат големи количини на плава риба, скоро да не заболуваат од срцеви болести.

Не само како превенција на кардиоваскуларните болести, рибиното масло може да помогне и за подобрување на циркулацијата и крвната слика.

Исто така, мозокот, особено детскиот се храни со омега 3 масни киселини, Докторите го препорачуваат особено за оние кои живеат во подрачје со слаба снабденост со плава риба, како и за оние кои плавата риба малку ја консумираат., Доколку не консумирате 2 пати дневно плава риба, додатокот на омега 3 масната киселина би било пожелно.

Рибиното масло ќе ви помогне во лекувањето на депресијата, стресот, анксиозноста, ке ви ги зацврсне коските, ги ви ги „подмачка“ зглобовите, а со тоа и болите ќе се намалат или исчезнат.

Намалете ја консумацијата на мастите од животинскот потекло (тука мислиме пред се на црвеното месо), а зголемете го внесот на риба и морски плодови. Тие помагаат да се зголеми оксидацијата на мастите во масните клетки, помагаат во редукцијата на адипокините, уништувајќи ги пред-адипокините (масните клетки).

Добри извори на омега 3 масни киселини се рибата, како туната, сардината, лососот, .... , јатчестите плодови, лененото семе и лененото масло, како и маслиновото масло. Со термичкото обработување на маслото неговата делотворност се намалува, па затоа најдобро е да го консумирате како додаток на салати или како зачин.

 

Прочитајте и: