• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Честото миење на рацете го спречува настанувањето на многу заболувања!

Освен ако не ги миете рацете секогаш кога ќе допрете нешто, на пример после телефонирање или после користење на својата комјутерска тастатура, единствен начин да ги избегнете некои заболувања е редовно и често да ги миете рацете. Ова го тврдат научниците, кои ги објавиле резултатите од својата студија во научниот часопис „Clinical Infectious Diseases“.

Истражувањето вклучило 249 учесници во метроата во два града. Тие заклучиле дека просечниот човек допира работи во градскиот транспорт и метроата отприлика три пати во минута, а устата и носот уште почесто. Ова е проблем, бидејќи со тоа им овозможуваме на вирусите и бактериите да влегуваат низ мембраните на ноздрите, устата и очите. Експертите не не советуваат да престанеме да ги допирање овие површини, туку дека мораме почесто да ги миеме рацете.

„Миењето на рацете и избегнувањето на контакт со заразените лица е подеднакво битно за превенција на разните заболувања“, изјавил Dr. Stephen Dahmer. Тој ијзавил: „Не ги миеме рацете доволно често, а повеќето луѓе не го прават тоа правилно“.

Ако не сте дома и ги миете рацете на јавни места, за да бидете сигурни дека добро сте ги измиле рацете користете сапун и триејте ги рацете 20-тина секунди. Измијте ги и зглобовите, како и делот под ноктите и измеѓу прстите. Затворете ја чешмата со лактот (да, и таа е полна со нечистотии) и избришете ги рацете со хартиена салфета, наместо со претходно користен пешкир.

 

Најчитани наслови