• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Може ли кафето да го намали ризикот од дијабет тип 2?

Спроведени нови истражувања

Ако сте љубител на кафе и ако на ден пиете повеќе од една шоља од вашиот омилен напиток, резултатите од најновите истражувања се добра вест за вас.

Во една голема американска студија, истражувачите заклучиле дека пиењето на поголеми количини кафе може да биде поврзано со намален ризик од развој на дијабетес тип 2.

Студијата, во која биле вклучени околу 123.000 возрасни пациенти, заклучула дека лицата кои пиеле повеќе од една шоља кафе на ден во тек на четири години, имаат помалку шанси да заболат од дијабет тип 2.

„Изгледа дека токму количината на испиеното кафе е одговорна за ваквите резултати. Колку повеќе кафе испиете толку се помали шансите за развој на дијабет тип 2“, изјавил водачот на истражувањето Dr. Frank Hu, професор на Унивезитетот „Harvard School of Public Healt“. Но, професорот предупредил дека луѓето кои се чувствителни на кофеин никако не би смееле да го зголемат неговиот внес, од причина што кофеинот кај нив може да предизвика сосема спротивни реакции - како што се несоница и тахикардија.

„Тешко е да се каже која состојка во кафето е директно поврзана со намалувањето на ризикот од развој на дијабет тип 2. Би можело тоа да е комбинацијата на антиоксидансите и нивните нутритиви својства“, изјавил Dr. Frank Hu.

Една друга студија објавена претходно во списанието „Diabetologia“, укажува на тоа дека кафето влијае на појаваување на болеста, па иако не успеала да дознае што ги предизвикува таквите резултати, успеале да ја докажат причинско - последичната врска помеѓу пиењето на повеќе кафе и намалувањето на инсулинската резистенција, која е предупредување за дијабетес.

 

Најчитани наслови