• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Пријателите ги ублажуваат болките на пациентките со рак на дојка Печати

Пациентките со рак на дојка кои водат богат активен социјален живот полесно ја поднесуваат болката и другите физички симптоми од ракот на дојката, докажале резултатите од студијата која ја спровеле американските истражувачи.

Додека постојат безброј студии кои се фокусирале на факторите кои го зголемуваат или намалуваат ризикот од развојот на ракот на дојката, малку има студии кои целно согледувале што влијае на квалитетот на животот на пациентките по поставувањето на дијагнозата.

Ракот на дојката и квалитетот на животот

Американските истражувачи го проучувале начинот на живот на повеќе од 3.000 пациентки со рак на дојка кај кои болеста била дијагностицирана во периодот помеѓу 2006 и 2011 година. Во рок од два месеци по поставувањето на дијагнозата, испитаничките одговориле на детален прашалник за нивниот социјален живот, за поддршката која ја имаат, за емоционалниот и физичкиот квалитет на својот животот, како и за и физичките симптоми на ракот на дојката.

Жените со највисоко ниво на социјална интеракција, со најголем круг на пријатели или блиски пријатели, кажале дека имаат најдобар квалитет на живот за време на терапијата од сите испитанички. Поточно, уживањето во убавите и забавни моменти со пријателите било сфатено како најважен показател за подобриот физички квалитет на животот на овие жени. Но, испитаничките кои имале многу малку пријатели или воопшто немале некој близок пријател, билое три пати посклони да кажат дека квалитетот на нивниот живот е лош и да во голема мера голема мера ги чувствуваат физичките симптоми на ракот на дојката.

Како да и помогнете на пријателката со рак на дојка?

Ако имате пријателка во вашиот живот која се бори со ракот на дојката, најдобро ќе и помогнете доколку и дадете поддршка која нејзе навистина и е многу потребна. Разговарајте со неа, посетувајте ја редовно, однесете ја на прегледи или терапија, момагајте и во домашните обврски, но и бидете позитивни, разведрете ја со убави новости, смејте се зедно.