• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Заболените од немеланомски рак на кожата имаат поголем ризик и од други малигни заболувања

Жените се изложени на поголем ризик од мажите.

Лицата кое боледуваат од немеланомски форми на рак на кожа се посклони кон развиваање и на други видови на малигни заболувања, утврдиле истражувачите од Универзитетот Харвард.

Типичен базоцелуларен кожен карцином.

Луѓето кои имаат немаланомски типови на рак на кожа, како што се базоцелуларниот или планоцелуларниот карцином на кожа, а да не станува збор за меланом, изложени се на поголем ризик од развој на други форми на рак. До овој заклучок дошле истражувачите од Харвард, кои ги анализирале податоците од преку 150.000 пациенти следејќи ги повеќе од 20 години.

Поточно, жените со немеланомски рак на кожата имале 26 проценти поголем ризик да развијат други видови на рак подоцна во текот на животот, во споредба со жените кои немале рак на кожата.

Кога станува збор за мажите, за нив резултатите биле нешто „подобри“. Поточно, кај нив ризикот бил поголем за 15 проценти. Истражувачите во предвид ги земале и другите фактори на ризик кои влијаат на развојот на малигните заболувања, како што се возраста, пушачкиот статус или корисењето на заменската хормонска терапија кај жеите.

Овие пациенти имале зголемен ризик од меланом, рак на белите дробови и рак на дојка.

Точната поврзаност помеѓу поголемата склоност за развој на меланом кај пациентите кои претходно заболеле од некоја форма на немалонамски рак на кожата не им е во целост јасна на истражувачите. Некои сметаат дека клеточните процеси на обновување и репарација на ДНК не функционираат доволно добро кај некои луѓе, кои поради тоа се изложени на зголемен ризик од било кој тип на рак.

Студијата е објавена во научното списание „PLoS Medicine“.

 

Најчитани наслови