• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Совети во борбата против малигните заболувања Печати

Малигните заболувања се болест на модерно време! Со повеќе од 3 милиони нови заболени и 1.7 милиони смртни случаи секоја година, малигните заболувања се главна причина за смрт во Европа, веднаш после кардиоваскуларните болести. За жал честотата (инциденца) на малигните заболувања од година во година рапидно расте и постојат големи шанси тие да избијат на прво место.

На глобално ниво, повеќе од 70 отсто од сите смртни случаи од малигни заболувања се јавуваат во земјите со низок и среден животен стандард, кои имаат многу малку или воопшто немаат срества за превенција, дијагноза и третман на малигните заболувања.

Еве некои корисни совети, кои можат да ни помогнат во борбата против малигните заболувања!

Емоционалниот стрес е непријател на нашето здравје

Емоционалниот стрес предизвикува сериозни физички и психолошки реакции и го ослабува нашиот имунолошки систем. Треба да се тежи кон развивање на реални очекувања за болеста и кон донесување на квалитетни одлуки за лекувањето. Не треба да сме под притисок дека мора да бидеме слепо позитивни, затоа што тоа ја зголемува фрустрацијата. Чувството на оптимизам не треба да ги исклучи тагата, лутината, болката. Овие чувства ќе се појават, сепак потребно е да се препознаат и прифатат. Но, не треба да се потценува важноста на оптимизмот во однос на квалитетот на животот. Според истражувањата, пациентите кои се оптимисти имаат поголем успех од лекувањето.

Како пример само ќе ги наведеме резултатите до најновото истражување за ракот на дојката.

Програмите за намалување на стресот можат го продолжат преживувањето на пациентките со рак на дојка, дури и ако болеста се врати, покажале резултатите од истражувачите. Научниците откриле дека релаксирачките програми го намалуваат ризикот за смрт за повеќе од 50%.

Исхрана кај малигните заболувања

Една од најчестите несакани ефекти од современото и специфичното онколошко лекување се мачнината, гадењето, намалениот апетит, но тие често може да бидат и од емоционална, односно психолошка природа. Во овој случај се препорачува да се јаде полека, да се консумираат најмалку пет мали оброци на ден, а за рехидрација на организмот треба да се пие повеќе вода или незасладени билни и овошни чаеви. Најдобро време за оброк е времето кога имаме наголем аптетит, а тоа најчесто е наутро. Пожелно е да се избере мека, пасирана, незачинета храна.

За време на хемотерапијата и кратко време по нејзиното аплицирање, посебно ако постои и чувство на мачнина и гадење, може да се јави намален апетит. Може да се јават и промени во вкусот на храната (да има метален вкус, или премногу солен или горчлив). Но, нормалниот вкус на храната повторно се враќа по некое време по престанокот на хемотерапијата.

Отежнатото земање на храна може да биде и поради присутни мали ранички во усната слузница. Раничките се болни, а при земањето на храна болката се интензивира.

Лицата кои се на хемотерапија треба да јадат храна која ја сакаат. Не треба да се тераат да јадат големи и обилни оброци. Треба да се внесува високо калорична храна во помали дневни порции, а почесто во текот на денот. Помага и пиењето на сокови и други витамински препарати.

И природата во борба против ракот

Покрај класични третмани, често пати комплементарната медицина, лековитите билки и етеричните масла можат да го подобрат квалитетот на животот на пациентите со малигни заболувања. При користењето на лековитите билки или билните препарти од голема важност е да се изберат оние кои се со проверено потекло и квалитет за да се обезбеди максимална заштита.

Гравиола

Билката Гравиола го подобрува имунитетот и го јакне организмот, што значително помага во природната борба со малигните болести.

Новата студија за гравиолата, објавена во октомври 2012 година од страна на Одделот за биохемиска и молекуларна биологија на Универзитетот во Небраска, докажала дека гравиолата функционира така што го менува метаболизмот на малигните клетки, што значително го успорува формирањето на нови малигни клетки и развојот на болеста. Гравиолата благотворно делува врз симптомите на болеста и на последиците од интензивната терапија.

Џумбир

Џумбирот е многу ефикасен лек против мачнината предизвикана од хемотерапијата.

Џумбирот се користи како храна и лек веќе илјадници години, а едно американско истражување неодамна докажа дека џумбирот ги намалува негативните последици од хемотерапијата, кои ги имаат пациентите со рак. Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале од пола до 1 грам сушен Џумбир или таблета со џумбиров прав, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.

Се уште со сигурност не се знае како џумбирот дејствува против мачнината, но американските експерти потсетуваат дека некои претходни истражувања покажале дека џумбирот во цревата дејствува како јак антивоспалителен агенс.

Џумбирот клинички е испитан и се користи, исто така, и против воспаление, грчеви, за намалувње на болките при мускулни и коскени пролеми, за подобрување на циркулацијата и како природен „лек“ против мигрена.

Чај од листови на капина и малина

Чајот од листовите на капината и малината помага во случаевите на дијареа (пролив), па се користи како природен лек против дијареа, се додека траат симптомите.

Артичок

Артичокот во народната медицина се користел како афродизијак, но и за други состојби, како анемија, артритис, жолчни камења, јадеж и каснување од змија. Во поново време, артичокот се употребува како лек за синдром на иритабилни црева, холестерол и мамурлак, како и за проблеми со варењето на храната и губиток на апетит. Се смета дека артичокот го подобрува излачувањето на жолчката.

Листовите на артичокот се исклучително корисни по престанокот на терапијата, за чистење и регенерација на црниот дроб по престаноток на онколошката терапија.

Цвет од црн слез

Цветот од црниот слез се користи како заштита од зрачењето (радиотерапија), што е исклучително битно за пациентите со малигни заболувања.

Се корсти во вид на облоги, кои се ставаат на местото кое се здрачи, еднаш до два пати дневно. Може да се користи заедно и со масло од невен или кантарион. Но, маслата се ставаат после зрачењето, бидејќи за време на зрачењето кожата треба да биде чиста и немасна.

Пасифлора

Пасифлората е билка која помага во намалувањето на стресот и ја ублажува несоницата, па затоа често се користи како природен лек при вознемиреност, нервоза и анксиозност. Лековит е зелениот надземјениот дел од билката, вклучувајќи ги и цветовите и листовите на билката.