• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Пушењeто е причина кај 30% од случаите на ракот на панкреасот Печати

Ако ракот на панкреасот го има во Вашето семејство, секако спаѓате во ризичната група. Тоа значи дека имате поголем ризик да заболите од ова сериозно и опасно по живот малигно заболување во споредба со оние лица кои ја немаат оваа болест во своето семејство.

Но, се смета дека и пушењето е важен фактор на ризик за настанувањето на карциномот на панкреасот. Ризикот е пропорционален со бројот на испушените цигари, односно со времетраењето на пушењето. Ризик да заболат од рак на панкреас имаат долгогодишните пушачи, кои пушат повеќе од 20 цигари дневно.

Пушењето се наведува како причина за рак на панкреасот во дури 20 до 30 проценти, а го следи алкохолот како друга можна причина за оваа болест. Неправилната исхрана, како и физичката неактивност, исто така, може да доведе до развој на ова подмолно заболување.

Не постојат утврдени правила и препораки како да го спречиме ракот на панкреасот, но сепак експертите советуваат да се престане со пушење, да се одржува нормална (оптимална) телесна тежина, редовно да се практикува физичка активност, да се консумира здрава храна т.е. повеќе овошје, зеленчук, интегрални житарици, јатчести плодови, кои содржат бројни природни антиоксиданси.

Некои студии покажуваат дека и одредени витамини можат да помогнат во превенцијата на ракот, како што е на пример витаминот Д.