• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Бактериите Fusobacterium во устата поврзани со ракот на дебелото црево!

Бактериите кои живеат во нашата уста можат да го зголемат ризикот од развој на рак на дебелото црево, покажале резултатите од најновото истражување.

Dr. Wendy Garrett.

Истражувачите од Хардвардскиот универзитет откриле дека бактериите Fusobacterium во устата кои, исто така, се пронајдени и во цревата кај болните со преканцероген тумор на дебелото црево, можат да го забрзаат растот на туморските клетки.

Fusobacterium се анаеробни, Грам-негативни бактерии за кои порано се мислело дека е нормално да се присутни во ждрелото, но денес научниците се сложуваат дека станува збор за патогени бактерии.

„Не само што бактеријата може да обезбеди нов начин на групирање или опишување на видот на ракот на дебелото црево, туку, уште поважно, што ова претставува нова перспектива за тоа како да целиме на патиштата за запирање на растот и ширењето на туморите“, изјавила Dr. Wendy Garrett, една од истражувачите на заедничката студија на Факултетот за јавно здравство при Харвард универзитетот и Институтот за рак „Dana-Farber“.

Друго поврзано истражување покажало дека Fusobacterium може да ги нападне клетките на ракот на дебелото црево со користење на лепила молекула со помош на која се залепува за туморот и влегува во нејзините клетки. Кога ќе влезе во клетката на ракот на дебелото црево, оваа молекува (FadA) предизвикува воспаление и го стимулира растот на туморот.

Експертите откриле дека бројот на молекулите FadA е од 10 до100 пати повисок кај преканцерозните полипи и канцерогените полипи на дебелото црево.

За среќа, научниците веќе откриле начин како да се го запрат процесот на спојувањето на бактериите од устата за клеточните рецептори во дебелото црево и веќе се во процедура да го стават своето барање за патент, но други детали сега за сега не се познати. познати за сега.

Истражувањето е објавено во научното списание „Cell Host & Microbe“.

Ракот на дебелото цево (колоректален карцином –КРК) е едно од најчестите малигни заболувања. Тој учествува со 12 % од сите малигни заболувања во САД и Западна Европа. неговата инциденца ознесува од 15 до 30 нови случаи годишно на 100 000 жители.

Инциденцата е право-пропорционална со возраста. Дури 90% од пациентите со КРК се лица над 50-годишна возраст. Средната возраст на пациентите со колоректален карцином е 64 години. Популацијата помеѓу 65 и 85 години има 6 пати повисок ризик за добивање на КРК.

 

Најчитани наслови