• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
САМОСВЕСТ- ОКТОМВРИ интерактивни информативни едукативни предавања Печати

САМОСВЕСТ во октомври продолжува со своите интерактивни информативно - едукативни предавања од областа на медицината и здравиот живот.

Интересот за досега одржаните интерактивни предавања беше голем, па затоа одлучивме, по паузата во летниот период, повторно да започнеме со нашите предавања. Се надеваме дека ќе имаме голем интерес за предавањата како и досега, бидејќи тие се на актуелни теми и наменети за сите заинтересирани граѓани.

Целта на предавањата е подобра информираност на сите заинтересирани граѓани во две тематски категории:

  1. Теми поврзани со одредени заболувања и состојби, како и начините за нивна превенција, рана дијагностика и лекување.
  2. Теми поврзани со здравата исхрана и здравите животни навики, кои се клучни за зачувувањето и подобрувањето на здравјето, но и за превенцијата на болестите.
  3. Интерактивните предавања ќе се одржуваат во просториите на „САМОСВЕСТ“ во населбата Тафталиџе на ул.Хелсинки бр 22. (спроти ТЦ Лептокарија). Контакт телефон е телефонот на САМОСВЕСТ 078 23 77 99.

Заинтересираните можат да присуствуваат на едно, но и на повеќе предавања. Предавањата се одржуваат во групи од по 8 до 10 учесници, со што секој учесник има можност активно да учествува во дискусијата и да добие одговори на прашањата од лекарите специјалисти во својата област. Предавањата траат околу еден час, но доколку се развие дискусија може да траат и подолго.

Цената за учество на едно предавање изнесува 200 денари, а собраните средства ќе бидат донација на САМОСВЕСТ за новиот проект кој сакаме да го реализираме.

Интерактивните предавања ќе се одржуваат во просториите на „САМОСВЕСТ“ во населбата Тафталиџе на ул.„Хелсинки“ бр 22. (спроти ТЦ Лептокарија). Контакт телефон 078 23 77 99 (САМОСВЕСТ).

 

За да учествувате на нашите предавања ќе треба да уплатите 200 денари на сметката на САМОСВЕСТ со назнака на денот на предавањето кое ќе го одберете. Откако ќе ја извршите уплатата потребно е да не информирате за истата испраќајки порака, во која ќе го наведете и предавњето за кое сте се одлучиле, на нашата email адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Здружение на граѓани - Центар за здрав живот „САМОСВЕСТ“

Жиро сметка: 300000002997045

Банка: Комерцијална Банка.

Со назнака: Предавање на ден 17 10 2013 (пример)

 

Предвидени теми за предавањата во месец октомври се:

  • Видови на рак на кожа – меланом - 16.10.2013 во 19:30 часот.
  • Основните принципи на здравата исхрана - 17.10.2013 во 19:30 часот.
  • Рак на дојка - 21.10.2013 во 19:30 часот.
  • Полипи и рак на дебелото црево - 28.10.2013 во 19:30 часот.
  • Болести на простатата - 30.10.2013 во 19:30 часот.
  • Превенција и фактори на ризик за рак на грло на матка - 31.10.2013 во 19:30 часот.

Отворени сме и за секој ваш предлог за одредена тема што Ве интересира и која би можеле да ја додадеме во списокот на предавања кои ќе се одржуваат континуирано секој месец во текот на оваа година, но и наредната, се додека има интерес. Вашите предлози испратете ги на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Како да се пополни уплатницата: Пополнета општа уплатница.