• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
ХПВ вирусот предизвикува рак на белите дробови кај непушачите?

Покрај тоа што ХПВ вирусот е најчеста причина за ракот на грлото на матката, сега овој вирус се поврзува и со развојот на ракот на белите дробови кај непушачите.

Белодробен карцином кај непушач.

До овој заклучок дошле научниците од Центарот за рак „Fox Chase“ кои ги проучувале туморите на белите дробови кај непушачите. Со самото тоа што го елиминирале пушењето како можна прчина за ракот на белите дробови, американските експерти можеле да ги согледаат другите важни фактори во самата клеточна структура на туморите, одговорни за развивањето на ракот на белите дробови.

Научниците го откриле присуството на ХПВ вирусот во ДНК на туморските клетки, што покажува дека овој вирус може да е вистински причинител за развојот на туморите, а не само случајна појава.

Амриканските научници го презентирале своето откритие на годинешниот конгрес на Американското здужение за истражување на ракот одржано во Вашингтон.

 

Најчитани наслови