• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
4-ти април, предавање за Ракот на белите дробови Печати

Рак на белите дробови.

Центарот за здрав живот „САМОСВЕСТ“ на 4 април (четврток) ќе одржи предавање за Ракот на белите дробови, најчестото малигно заболување како во нашата земја, така и во светот. Предавач е Др. Лилјана Ацева-Андонова, специјалист радиотерапевт и онколог при Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија и претседател на САМОСВЕСТ. Предавањето е наменето за сите граѓани на Р.Македонија.

Сите заинтересирани нека се јават на тел. на САМОСВЕСТ - 070 615.470 за да го потврдат своето присуство. Цената на предавањето е 150 денари, а сите учесници бесплатно ќе добијат книга и постер за Ракот на белите дробови од авторката Др. Лилјана Ацева - Андонова.

Ќе се говори за причините, факторите на ризик, симптомите и знаците на болеста, дијагностичките постапки за откривање на ракот на белите дробови како и за начините на лекувањето. Секако, ќе се говори и за начините на превенцијата и раното откривање на ова сериозно и опасно малигно заболување.

Предавањето ќе се одржи во просториите на САМОСВЕСТ кои се наоѓаат во населба Тафталиџе, на улица Хелсинки 22 (спроти ТЦ Лептокарија). Побрзајте со пријавувањето бидејки бројот на учесници е ограничен.

Ве очекуваме.

САМОСВЕСТ.