• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
4 април , 19 часот: Предавање за Рак на белите дробови! Јавете се на тел.070 615.470 Печати

Центарот за здрав живот „САМОСВЕСТ“ на 4 април (четврток) ќе одржи предавање за Ракот на белите дробови, најчестото малигно заболување како во нашата земја, така и во светот. Ќе се говори за причините, факторите на ризик, симптомите и знаците на болеста, дијагностичките постапки за откривање на ракот на белите дробови како и за начините на  лекувањето. Секако, ќе се говори и за начините на превенцијата и раното откривање на ова сериозно и опасно малигно заболување.

Предавач е Др. Лилјана Ацева-Андонова, специјалист радиотерапевт и онколог при Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија и претседател на САМОСВЕСТ. Предавањето е наменето за сите граѓани на Р.Македонија.

Сите заинтересирани нека се јават на тел. на САМОСВЕСТ - 070 615.470 за да го потврдат своето присуство. Цената на предавањето е 150 денари, а сите учесници бесплатно ќе добијат книга и постер за Ракот на белите дробови од авторката Др.Лилјана Ацева - Андонова.

Предавањето ќе се одржи во просториите на САМОСВЕСТ кои се наоѓаат во населба Тафталиџе, на улица Хелсинки 22 (спроти ТЦ Лептокарија). Побрзајте со пријавувањето бидејки бројот на учесници е ограничен.

Ве очекуваме. САМОСВЕСТ.