• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
АПРИЛ - Интерактивни информативно едукативни предавања. Ве очекуваме!

Центарот за здрав живот САМОСВЕСТ и во месец АПРИЛ продолжува со одржување на интерактивни предавања од областа на медицината и здравјето. Предавањата се наменети за сите граѓани. Ова е одлична можност подобро да се информираме и едуцираме за одредени чести состојби и заболувања, со што ќе можеме да ги превенираме или контролираме.

Бидејќи во изминативе два месеци интересот за одредени предавања беше голем, тие ќе се одржат и во Април.

Во месец април имаме интересни и поучни предавања за стресот кој секојдневно е присутен во современиот живот. Современиот начин на живот , брзото темпо на живот никого не го поштедува од стресот. Брзото темпо на живот е полн со нервози, рокови, фрустрации и барања. За многу луѓе, стресот е толку вообичаен што станува и нивен начин на живеење. Поради големиот интерес предавањата за стресот ќе се одржат овој месец.

Предавањара за месец АПРИЛ на кои може да присуствувате сe:

  1. Што е стрес? Видови на стрес: Добар стрес (Еустрес) и Лош стрес (Дисстрес)
  2. Влијанието на акутниот стрес врз организмот
  3. Влијанието на хроничниот стрес врз организмот
  4. Најчести псохосоматски заболувања
  5. Храна која го намалува стресот
  6. ХПВ инфекција и другите полово преносливи болести и ризикот од преканцерозни лезии и рак на грло на матка
  7. Превенција, ризик фактори, скриниг за полипи и рак на дебело црево
  8. Бенките и други ризик фактори за меланом – Превенција, самопреглед на кожата, скрининг
  9. Рак на дојка - Превенција, ризик фактори, скрининг, самопреглед.

За учество на предавањата може да го пополните формуларот со избор на една или повеќе теми и назначување на денот и часот на предавањето или да се пријавите на тел. на САМОСВЕСТ - 070 615.470; 078 237.799. Цената на едно предавање е 150 денари. Собраните средства ќе бидат донирани на Македонскиот портал за ракот www.rak.mk.

Предавања се одржуваат во просториите на „САМОСВЕСТ“ во населбата Тафталиџе, Хелсинки 22 (спроти ТЦ Лептокарија).