• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е стрес? Како се дефинира стресот? Печати

Современиот начин на живот никого не го поштедува од стресот. Современиот живот е полн со нервози, рокови, фрустрации и барања. За многу луѓе, стресот е толку вообичаен што станува и нивен начин на живеење.

Како се дефинира стресот?

Стресот или напнатоста означува психолошки и физички одговор на организмот на специфични надворешни влијанија. Најчесто се работи за негативно влијание, иако стресот може да има и поттикнувачка позитивна улога во нашиот живот. Кога зборуваме за стрес, мислиме или на акутно настаната стресна краткотрајна состојба или почесто на хроничен стрес.

Стресот не е секогаш лош. Во мали дози, тој може да ни помогне да под притисок сработиме некоја работа и да не мотивира да дадеме се од себе за да ја сработиме таа работа најдобро што можеме. Тој добар стрес психолозите и психијатрите стрчно го нарекуваат Еustresseu – зборот на грчкиот јазик значи добар што во превод значи добар стрес. Еustress е "позитивен" стрес што не одржува витални. Дел од тој стрес го посакуваме, бидејќи тој не тера да работаме уште понапорно за да го извлечаме максимумот во дадена ситуација.

Стресот доколку е краткотраен и не мотивира е нормална појава и телото може без проблем да се справи со него. Но, кога секојдневно сте изложени на голем стрес, нашето тело може да ја изгуби битката и да започне да страда од последиците. Кога сме под постојан стрес, тој негативно влијае на нашиот ум и тело и може да доведе до нарушување на нашето здравје и до појава на многу различни психолошки и органски заболувања.