• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Нови интересни предавања во месец март. Пријавете се!

САМОСВЕСТ продолжува и овој месец со своите интерактивни едукативни предавања од областа на медицината и здравиот живот.

Интересот за интерактивните предавања во месец февруари беше голем, со оглед на тоа што овој месец започнавме со нашите предавања. Се надеваме дека во наредниов месец ќе имаме уште поголема посетеност, бидејќи се поголем број на луѓе дознаваат за нашата активност и веќе се пријавуваат за учество.

Тимот на САМОСВЕСТ им се заблагодарува на сите досегашни учесници на интерактивните едукативни предавања за нивната активна соработка и дискусија.

Со оглед на тоа што навистина имаше голем интерес за предавањата за здрава исхрана и ХПВ инфекцијата и ризикот од преканцерозни лезии и рак на грло на матка, овие теми повторно ќе бидат дел од интерактивните предавања во месец март. На тој начин ќе можат да присуствуваат и оние кои подоцна се пријавија и немаа можност да присуствуваат на тие предавања во февруари.

Во МАРТ ќе имате можност да се пријавите за следниве предавања.

  • Принципите на здравата исхрана;
  • Полипи и рак на дебело црево - Превенција, ризик фактори, скрининг;
  • Рак на грло на матка - Превенција, ризик фактори, скрининг;
  • Рак на дојка - Превенција, ризик фактори, скрининг, самопреглед;

Предавањата ќе бидат составени од 8 до 10 учесници, со што секој учесник има можност активно да учествува во дискусијата. Ве очекуваме да бидете дел од нашето интерактивно едукативно дружење.

Цената за учество на овие предавања е симболична и изнесува 90 денари, а собраните средства ќе бидат донирани на Македонскиот портал за ракот www.rak.mk.

Интерактивните предавања се одржуваат во просториите на „САМОСВЕСТ“ во населбата Тафталиџе (спроти ТЦ Лептокарија). Термините за предавањата се секоја среда од 18:00 до 18:45 часот и од 19:00 до 19:45 часот.

Интерактивните предавања ќе се одржуваат во просториите на „САМОСВЕСТ“ во населбата Тафталиџе (спроти ТЦ Лептокарија). Термините за предавањата се секоја среда од 18:00 до 18:45 часот и од 19:00 до 19:45 часот.

НВО САМОСВЕСТ - Хелсинки 22, 1000 Скопје, Македонија

Е-адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Телефон: ++38970 615.470

Веб страна: www.rak.mk


Loading...