• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Глуварчето како додаток на јадењата

Уште древните народи знаеле дека глуварчето е лековита билка со многу благотворно дејство врз целиот организам. Тие ги користеле младите листови од глуварчето за исхрана, а сокот од младото глуварче како лек за подобрување на нарушеното здравје.

Во народната медицина, глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Од него може да се прави чај, сируп или вино.

Латинскиот назив на глуварчето е Taraxacum officinale, што во превод значи „дива салата“, бидејќи неговите листови оддамна се ценети во исхраната.

Глуварчето е познато по својата лековитост, но и како здрава храна. Содржи високи концентрации на витамини (А, Б, Ц), минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и органски киселини. Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места.

Младите листови од глуварчето може да се додаваат и на други свежи салати, да се ставаат во чорби, да се од нив прават вкусни и здрави сосови и да се додава на месото печено на жар.

Правите гурмани тврдат дека закиселените или маринирани цветни пупки од глуварчето се одлични за правење на разни вкусни и здрави сосови и преливи.

Лековите на база на глуварче не треба да се земаат подолго од месец и пол дена, бидејќи прекумерната доза може да ги оптерети органите за варење и да предизвика несакани ефекти. Ако се користи во препорачаните количини, глуварчето е еден од најјаките лекови од природата.

За лек треба да се користи глуварче кое расте во чиста средина. Урбаното глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите, па затоа не се препорачува, бидејќи може повеќе да му наштети отколку да му помогне на организмот.

 

Прочитајте и: