• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
НОВО од САМОСВЕСТ: Интерактивни едукативни предавања – февруари 2013 Пријавете се!

Центарот за здрав живот САМОСВЕСТ започнува со одржување на интерактивни информативно едукативни предавања од областа на медицината и здравиот живот.

Целта на предавањата е подобра информираност на сите заинтересирани граѓани во две тематски категории:

1. Теми поврзани со одредени заболувања и состојби, како и начините за нивна превенција, рана дијагностика и лекување.

2. Теми поврзани со здравата исхрана и здравите животни навики, кои се клучни за зачувувањето и подобрувањето на здравјето, но и за превенцијата на болестите.

Интерактивните предавања ќе се одржуваат во просториите на „САМОСВЕСТ“  во населбата Тафталиџе (спроти ТЦ Лептокарија). Термините за предавањата се: вторник, среда и четврток  од 18:00 до 18:45 часот и од 19:00 до 19:45 часот.

Телефони и е-адреса за контакт со нас, Самосвест се:

078.41.54.70 | 078.23.77.99 | Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Заинтересираните можат да се пријават за одредено предавање со испраќање на порака на адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Предавањата се за групи од 8 до 10 учесници, со што секој учесник има можност активно да учествува во дискусијата и да добие одговори на прашањата од лекари специјалисти во својата област.

Цената за учество на овие предавања е симболична и изнесува 90 денари, а собраните средства ќе бидат донирани на Македонскиот портал за ракот www.rak.mk.

Предвидени теми за предавањата во месец февруари се:

  • Исхраната и ракот – намирници кои штитат од развој на рак.
  • Видови на рак на кожа - меланом.
  • Превенција и фактори на ризик за рак на грло на матка.
  • Болести на простата – рак на простата.

Отворени сме и за секој ваш предлог за одредена тема што ве интересира и која би можеле да ја додадеме во списокот на предавања кои ќе се одржуваат континуирано во текот на целата година. Вашите предлози испратете ги на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .