• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Патологија на ракот на желудникот Печати

Во последниве децени забележена е измена во однос на локализацијата на примарниот карцином на желудникот. Имено, зголемена е инциденцата на лезии локализирани во горниот (проксимален) дел на желудникот, а намален е бројот на лезии во долниот (дистален) и во антралниот дел.

Примарниот карцином на желудникот, локализиран во проксималниот дел на желудникот, има полоша прогноза, поради повисокиот морбидитет, кој се должи на торакалниот оперативен пристап, како и на подоцнежното манифестирање на симптомите и знаците, што доведува и до задоцнето откривање на болеста.

Најчест хистопатолошки тип е аденокарциномот, кој се јавува дури во 95-97% од сите случаи на гастричен тумор. Значително поретки се лимфомите и саркомите.

Според изгледот на лезијата, карциномите најчесто се улцеративни (75%), поретко егзофитични, полипоидни (10%), дифузни, скирусни (10%), или суперфициелни (површински).

Степенот на диференцираноста на туморот (градус) може да биде различен, од добро диференциран, па до анапластичен.

Степенот на диференцираноста на туморот е важен прогностички фактор.

Лошо диференцираните тумори се поагресивни и имаат брз локален раст и висок потенцијал за метастазирање во оддалечените ткива и органи во телото.

Според тоа, градусот на туморот игра важна улога во планирањето на терапијата на карциномот на желудникот, кај секој пациент одделно.