• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Богатството на нутритиенти во гоји (гоџи) бобинките – прогласени за „суперхрана“

Малата гоји бобинка е една од најмоќните билки во светот и на прво место на американката скала - ORAC , која ги мери антиоксидантните својства на храната.

Гоји бобинка.

Гоји бобинката (lat. Lycium barbarum) е дрвенеста билка во вид на грмушка, која дава многу вкусен и лековит високоенергетски плод. Расте на Хималаите каде веќе со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Ја нарекуваат и „среќна бобинка“ или „црвен дијамант“.

На почетокот на 21 век, нивната популарност расте, кога резултатите од медицинските истражувања го потврдија нивното благотворно дејство врз здравјето на луѓето.

Гоји бобинкa (Goji berry) познатa и како Волчјa бобинкa има долга традиција на користење во исхраната и во билната медицина во многу азиски земји, вклучувајќи ја и Кина. Во Европа и Северна Америка ова овошје привлече внимание во последниве неколку години, откако е откриено потенцијалното позитивно влијание врз општото здравје здравјето и во борбата против стареењето и хроничните заболувања, вклучувајќи го и ракот.

Денес гоји бобинките се одгледуваат во многу делови на светот и се најпопуларната суперхрана во светот. Се наоѓаат на првото место на американката скала – ORAC scale (Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), која ги мери антиоксидантните својства на храната. Што е позiцијата повисока на ORAC скалата, толку храната има поголема способност за уништување на слободните радикали, кои го нарушуваат здравјето, предизвикаат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареењето.

Богатството на нутритиенти

Гоји бобинките се богати со антиоксиданси, амино киселини и есенцијални масни киселини.

Содржат екстремно високи нивоа на витамин Ц, железо и многу други хранливи материи.

Гоји бобинките содржат...

  • 18 амино киселини (од кои 8 се есенцијални),
  • 21 минерали, вклучувајќи го антиканцерогениот германиум,
  • Повеќе протеини отколку интегралната пченица (13%),
  • Повеќе витамин Ц од портокалот,
  • Комплекс на Б витамини неопходни за претварање на храната во енергија,
  • Витамин Е (ретко се наоѓа во овошјето, главно во семките и житариците),
  • Циперон, кој благотворно делува на срцето и крвниот притисок и ги ублажува менструалните симптоми,
  • Солаветивоне, моќно антигабично и антибактериско соединение,
  • Физалин, активна состојка која штити од леукемија и хепатитис Б,
  • Бетаин, соединение кое црниот дроб го користи за продукција на холин, кое ја смирува нервозата, ја подобрува меморијата и штити од замастување на црн дроб. Бетаинот, исто така, го намалува ризикот од срцев удар и ја штити ДНК.
  • Комплетен спектар на антиоксиданси - каротеноиди, вклучувајќи бета каротен (подобар извор од морков) и зеакснтин (ги штити очите). Ова ги прави гоји бобинките најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници.
  • Бета-ситостерол, анти-воспалителни агенс. Бета-ситостеролот, исто така, се користи и за намалување на холестеролот во крвта, за лекување на импотенцијата и бенигно зголемената простата (БПХ).
  • Есенцијални масни киселини, кои се потребни за да се одржи производството на хормони за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем.

Влијание врз здравјето

Поради богатството од хранливи состојки, оваа волшебна бобинка има навистина широк спектар на делување.

Гоји бобинките...

  • го зајакнуваат имунолошкиот систем,
  • го успоруваат процесот на стареењето,
  • го спречуваат настанувањето на леукемија и други карциноми,
  • спречуваат болести на срцето и крвните садови,
  • ја регулираат функцијата на уринарниот тракт,
  • даваат сила и енергија,
  • имаат антибактериски и антивоспалителни својства,
  • ја подобруваат плодноста кај жените,
  • го подобруваат видот,
  • ја подобруваат циркулацијата во целиот организам,
  • штитат од појава на дијабет,
  • ја зголемуваат еластичноста и влажноста на кожата,
  • го подобруваат квалитетот на спермата.

За да уживаме во здравствени придобивки на гоји бобинките, потребна ни е сосема мала количина. Препорачаната дневна доза на гоја бобинките е 10-30 грама дневно. Меѓутоа не постои горна граница во конзумирањето на гоји бобинките. На пример, во кинеската медицина вообичаео се препорачува доза од 150 грама свежи бобинки дневно.

За жал кај нас нема да најдете свежи гоји бобинки, бидејќи тие брзо се расипуваат. Затоа на пазарот постојат сушени бобинки или сок од гоји бобинки. Достапни се и во форма на незасладена пулпа.

 

Прочитајте и: