• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Внимавајте со употребата на нестероидните аналгетици! Дознајте кои се најчести несакани ефекти! Печати

Нестероидните антиинфламаторни лекови се користат во третман на лесна до умерена болка.

Гастритис предизвикан од честа употреба на НАИЛ.

Нестероидните антиинфламаторни лекови-аналгетици (НАИЛ) се поширока група на лекови со различен механизам на дејствување, а меѓусебе се разликуваат по применетата аналгетска доза. За сите нив заедничка карактеристика е дека со наголемувањето на дозата до одредено ниво, пропорционално се зголемува и аналгетскиот ефект. Кога ќе се надмине таа доза , тогаш, секое нејзино зголемување предизвикува само зголемување на токсичните ефекти, без соодветно зголемување на аналгезијата.

Овие лекови не доведуваат до појава на зависност и можат да се набавуваат слободно во аптеките без препишан рецепт од лекар. Но, поради своите потенцијално јако изразени гастроинтестинални и кардиоваскуларни несакани ефекти, овие лекови треба да се употребуваат според упатите за нивна примена и дозирање. Најдобро е да се консултира докторот за нивната примена, иако може да се набават и слободно, без рецепт.

Оваа група на лекови може да даде повеќе несакани ефекти кои може да бидат и многу опасни и да доведат до загрозување на животот на пациентот. Посебно тие се почести и појако изразени при нивна долготрајна употреба или кога се употребуваат во поголеми дози од препишаните.

Чир на желудникот од прекумерна консумација на антистероидни лекови.

Најчести несакани ефекти од нестероидните аналгетици се:

  • диспепсија (болка, киселини во стомакот)
  • езофагит (воспаление на хранопроводникот)
  • езофагеални стриктури (стеснувања)
  • гастрит (воспаление на желудникот)
  • гастрични и дуоденални петехии (мали крварења), ерозии, улцерации (улкус), крварење и перфорација (прскање на sидот на желудникот или дуоденумот)
  • улцерации, крварење и перфорација на тенкото и дебелото црево
  • активирање на хроничните инфламаторни болести на дебелото црево
  • локални промени

Механизмите на штетното делување на НСАИЛ врз желудникот и дуоденумот (дванаестопрстно црево):

  • ослабување на слузната бариера,
  • намалена секреција на бикарбонати,
  • намалена секреција на слуз,
  • дезинхибиција на секрецијата на HCl,
  • поспоро обновување на клетките на слузницата на желудникот,
  • оштетување на циркулацијата,
  • намален проток на крв во желудечната слузница,
  • намалена агрегација на тромбоцитите.